29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftBank ќе инвестира 1,5 милијарди долари во кинеска платформа за користени автомобили

SoftBank ќе инвестира 1,5 милијарди долари во кинеска платформа за користени автомобили

Инвестициониот фонд на јапонската корпорација „SoftBank Vision Fund“ е во преговори да инвестира 1,5 милијарди долари во кинеската компанија „Guazi“, основач на платформата „Guazi.com“ за тргување со користени автомобили, објави „Ројтерс“.

Ова може да го означи последниот договор од страна на јапонскиот конгломерат, кој има фонд од 100 милијарди долари, со цел да ги прошири своите операции во втората по големина економија во светот.

„SoftBank“ веќе се согласи да инвестира 460 милиони евра во германската платформа за продажба на половни автомобили „Autol“.

Договорот вреден 1,5 милијарди долари ќе ја процени кинеската компанија на 8,5 милијарди долари, изјавија извори запознаени со ова прашање.

Во текот на изминатите неколку месеци, „Vision Fund“ преговараше со главниот конкурент на „Guazi“ – „Renrenche“, поддржан од кинескиот лидер во заедничкото патување „Didi Chuxing“.

Платформата на „Guazi“ е основана во 2014-та година и е поддржана од кинескиот технолошки гигант „Tencent“, како и од „Sequoia Capital China“.

Преговорите помеѓу „SoftBank“ и „Guazi“ беа објавени за прв пат во петокот од страна на „Financial Times“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП