7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLG Electronics објави слаб квартал поради зголемената конкуренција

LG Electronics објави слаб квартал поради зголемената конкуренција

Јужнокорејската технолошка компанија „LG Electronics“ го објави својот најслаб квартален раст на добивката во текот на изминатите две години, наведувајќи ги зголемените трошоци за маркетинг и силната конкуренција на телевизискиот пазар, пренесе „Ројтерс“.

Оперативната добивка на компанијата за четвртиот квартал падна за 80 отсто за период од една година до 76 милијарди вона (68,5 милиони долари).

Приходите исто така паднаа за 7% на 15,8 илјади милијарди вона.

Зголемените загуби во мобилниот бизнис на „LG“, каде што компанијата има сериозни проблеми, исто така влијаеше на корпоративните резултати.

„Мобилниот бизнис на „LG“ не произведува никаква корист. Згора на тоа, високите маркетиншки трошоци за нивните мобилни телефони имаат негативно влијание врз нивото на профит “, рече Ео Кју Џин, аналитичар во „eBest Investment и Securities“.

Конкуренцијата на пазарот за „high-end“ телевизори, особено во лицето на кинеските компании, како и меѓународните економски превирања, дополнително ги замагли изгледите за „LG Electronics“, велат аналитичарите.

Уште во април 2018-та година, компанијата навести дека слабоста на глобалниот пазар на паметни телефони ќе го забави растот на нејзината добивка.

„Генерирањето на растот во вкупната добивка на компанијата ќе биде предизвик поради слабоста во сегментот на дисплеји и намалувањето на профитабилноста на мобилниот бизнис во однос на позадината на зголемената конкуренција во „high-end“ уредите“, вели јужнокорејскиот гигант.

Цената на акциите на компанијата се намали за 1,5 отсто по објавувањето на извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП