23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританија и ЕУ размислуваат за забрана на „Хуавеј“ во своите мрежи

Британија и ЕУ размислуваат за забрана на „Хуавеј“ во своите мрежи

Обединетото Кралство и Европската Унија размислуваат за забрана на опремата на кинескиот технолошки гигант Хуавеј“од телекомуникациските мрежи следејќи ги потезите што се веќе преземени во земјите од англиското говорно подрачје, пренесува „Скај њуз“.

Британските законодавци се во напредна фаза на анализирање на потенцијалните опасности од технологијата на Хуавеј“, за која се стравува дека кинеската влада може да ја искористи за шпионирање на западните земји, а Европската Унија размислува да преземе слични чекори.

Се очекува британската влада да ги објави резултатите од анализата во март и може да препорача целосна забрана за опремата на „Хуавеј“ во британските телекомуникациски мрежи. Истрагата доаѓа во време кога Британија и неколку други земји во светот се подготвуваат да ги инсталираат најновите 5G мрежи, а „Хуавеј“ ги снабдува со клучните компоненти за многу пониска цена од други фирми.

Француски „Ле Фигаро” цитираше неколку високи европски извори неделава кои објавија дека ЕУ размислува за слични предлози со кои „Хуавеј“ од мрежите на континентот. Забележувајќи стравувања од кинеската шпионажа бидејќи огромни количества телекомуникациски податоци ќе се пренесуваат преку опрема произведена од Кина, весникот објави дека ЕУ би можела да ги прилагоди постоечките закони за зајакнување на безбедноста и да ја исклучи Кина од европските процеси за јавни набавки.

Веста доаѓа неколку недели откако британскиот секретар за одбрана, Гевин Вилијамсон, во декември изрази сериозна загриженост во врска со технологијата на „Хуавеј“, и стана прв претставник на британската влада што јавно го стори тоа.

„Мора да видиме што преземаат нашите партнери, како што се Австралија и САД, за да се осигури максимална безбедност за таа 5G мрежа и мора да го признаеме фактот, како што неодамна беше обелоденето, дека кинеската држава понекогаш дејствува на злонамерен начин ,” рече тој.

„Вритиш телеком“ во декември објави дека работи на отстранување на сите делови и компоненти на „Хуавеј“ од својата мрежа од 2016 година и нема да користат ниту една технологија на кинеската компанија за својата идни 5G мрежа. Оваа недела телекомуникацискиот гигант „Водафон“ објави дека ги суспендира инвестициите во опрема за „Хуавеј“ во очекување на анализата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП