19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСкок во продажбата на премиум смартфоните

Скок во продажбата на премиум смартфоните

Податоците за истражување на пазарот од „Counterpoint Research“ покажуваат дека премиум сегментот на паметни телефони продолжува да расте, спротивно на севкупната криза. Во премиум сегментот, „Apple“ поседува најголем удел на пазарот со 51%, потоа следат „Samsung“ (22%) и „Huawei“ (10%).

За уредите во ценовен опсег помеѓу 400 и 600 долари се доставени најмногу паметни телефони, а лидерот во овој сегмент е „Apple“.

Интересно, најсериозен скок се гледа во ултра-премиум уредите со цена над 800 долари. Додека овој дел од пазарот беше само 8% од премиум сегментот (над 400 долари), тој сериозно растеше по „iPhone X“ и забележа раст од 18%.

Во 2018-та, новите предводници на „Apple“ (XS, XS Max), „Samsung“ (Note 9), „Google“ (Pixel 3 XL) и „Huawei“ (Mate 20 Pro) се со цена над 800 долари. Сепак, „Apple“ е на првото место со 80% од пазарот за паметни телефони со цена над 800 долари.

Според „Counterpoint Research“, корисниците се подготвени да потрошат повеќе, но со идејата за да ги користат уредите подолго време. Овој тренд доведе до пад на пазарот како целина, но исто така и до пораст на премиум сегментот. Се очекува дека овој развој ќе продолжи со воведувањето на „5G“ и флексибилните модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП