7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault и Volkswagen повторно во спор кој е број 1 во светот

Renault и Volkswagen повторно во спор кој е број 1 во светот

Исто како лани, „Renault-Nissan-Mitsubishi“ и „Volkswagen Group“ повторно се во спор кој е најголем производител на автомобили. И повторно, во зависност од применетите стратегии, секој еден од гигантите ќе може да се прогласи за број 1 во светот за 2018-та година.

Што се однесува до вкупната продажба за минатата година „Volkswagen Group“ ја задржува првата позиција, но кога станува збор за патнички автомобили и лесни комерцијални возила, „Renault-Nissan-Mitsubishi“ повторно е победник.

За што станува збор?

„Renault SA“, „Nissan Motor“ и „Mitsubishi Motors“ продале 10,76 милиони автомобили и лесни комерцијални возила во 2018-та година, објави агенцијата „Reuters“ по обработка на податоците објавени од компаниите. Француско-јапонската група не продава тешко-товарни камиони.

„Nissan“ објави 5,65 милиони продадени автомобили за минатата година, а во оваа бројка влегуваат автомобилите на „Infiniti“ и „Datsun“. Тоа е намалување од 2,8% во споредба со резултатот од 2017-та година. „Mitsubishi“ забележа раст од 18% на продажбата до 1,22 милиони автомобили, а „Renault“ има 3,88 милиони продадени автомобили и раст од 3,2%. Во резултатот на француската компанија е вклучена продажбата на марките „Dacia“, „Samsung“, „Alpine“ и „Lada“.

Кај „Volkswagen“ продажбата е рекордна – 10,83 милиони, при раст од 0,9%. Тука сепак влегуваат и продажбата на тешките возила на „MAN“ и „Scania“, како и на делот на „Volkswagen“ за камиони во Латинска Америка. Без нив, резултатот на „VW“ групата е 10,6 милиони единици.

Третото место останува за „Toyota Motorѕ“ со 10,59 милиони продадени возила, а тука влегуваат резултатите на „Toyota“ и „Lexus“, како и на „Daihatsu“, а исто така и на производителот на лесни и тешки камиони „Hinо Motors“. Без продажбата на „Hino“, резултатот на „Toyota“ ќе биде 10,39 милиони автомобили. За 2019-та година прогнозата на „Toyota“ е за мал раст до 10,76 милиони продадени возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП