13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеуспешната италијанска банка продава имот за 600 милиони евра

Неуспешната италијанска банка продава имот за 600 милиони евра

Banca Monte dei Paschi di Siena се подготвува да продаде имотни средства во вредност од 600 милиони евра (686 милиони долари), вклучувајќи згради во близина на некои од најпознатите споменици во Италија, во рамките на планот за зголемување на капиталот, соопштија запознаени извори, цитирани од „Bloomberg“.

Италијанската банка работи со имотниот консултант „Duff & Phelps REAG“ за продажба на пакет од канцелариски згради и други имоти, соопштија извори кои посакале да останат анонимни. Продажбата на недвижнини, вклучувајќи ги и имотите на „Monte Paschi“ во централните делови на Милано, Рим, Падова и Фиренца, ќе започне во март, додаваат изворите.

Портпаролот на банката, како и портпаролката на „Duff & Phelps REAG“, одбија да коментираат.

Продажбата на недвижности е дел од планот за зголемување на капиталот, кој „Monte Paschi“ го договори со италијански официјални претставници и Европската централна банка (ЕЦБ) во замена за нејзиното спасување од државата. Врз основа на договорот од 2017-та година, банката вети дека ќе продаде имот во вредност од 500 милиони евра до 2021-ва година, велат извори.

Главниот извршен директор Марко Морели презема чекори за заживување на спасената банка со намалување на трошоците, продажбата на лошите заеми и намалување на ризиците. ЕЦБ ја принуди да преземе итни мерки уште минатиот месец, кога го истакна намалувањето на капиталот и профитабилноста на банката и соопшти дека таа не се справува добро со планот за реструктуирање.

Меѓу имотите кои ќе бидат продадени, се историска зграда на трговската улица во Рим „Виа дел Корсо“, две згради во Фиренца во близина на готската црква „Санта Марија Маџоре“ и „Виа деј Сасети“, како и централата во Милано во близина на познатата катедрала во Милано. Банката не планира да продаде големи средства во Сиена, каде што се наоѓа, изјавија изворите.

„Monte Paschi“ побара помош од државата во 2017-та година. Италијанската влада стекна удел од околу 68% од банката и инјектира помош од 5,4 милијарди. Евра во рамките на рекапитализацијата нејзината вредност 8,3 милијарди. Евра. Банката загуби две третини од својата пазарна вредност во последните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП