29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGlobal Finance: Македонија на 59. место на листата на најбезбедни земји во...

Global Finance: Македонија на 59. место на листата на најбезбедни земји во светот

Списание Global Finance, со седиште во Њујорк, ја објави листата на најбезбедните земји во светот, во која Македонија е рангирана на 59 место меѓу 128-те рангирани земји.

На листата, Македонија е ставена пред САД која е на 65-то место, додека на врвот на листата се наоѓа Исланд, по што следат Швајцарија и Финска, додека последното место го зазема Филипини.

Од земјите во регионот, најдоброрангирана е Словенија, која ја зазеде 12-тата позиција, Хрватска е рангирана на 22-та, Унгарија 28-ма, Бугарија 42-ра, Босна на 56-та, Грција 57-ма и Србија на 58-та позиција.

Според списанието, при сумирање на резултатите, биле земени предвид три фактори: војна и мир, лична безбедност и ризик од природни катастрофи.

Според магазинот, исходот ги сумира индексите на овие три ризици и претставува сеопфатен поглед на безбедноста во секоја земја поединечно, што значи дека високото ниво на ризик во еден фактор има ограничено влијание врз конечниот ранг на земјата.

Во списанието се наведува дека Филипините се етикетирани како најзагрозена земја, додека Јемен е на претпоследното место.

“Ова може да се припише на фактот дека Филипините постигнале лоши резултати во смисла на мир, безбедност и ширење на природни катастрофи. Застрашувачкиот резултат на Јемен е последица на војна и глад, но оваа земја има многу мал ризик од природни катастрофи. Според тоа, Филипините се рангирани пониско од Јемен, иако Јемен е воена зона “, се вели во списанието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП