19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M ја менува политиката – нема повеќе попусти

H&M ја менува политиката – нема повеќе попусти

Откако почнаа да ја губат битката со онлајн продавниците, H&M почнаа да ја менуваат тактиката и стратегијата повеќе нема да им биде насочена под пониски цени. Овој бренд повеќе нема да има големи распродажби, како што имаше некогаш. Ова го најави претседателот на управата, Карл Јохан Персон, што значи дека бизнис напорите да се спаси бренд започнаа да се остваруваат.

H&M беше водечко модно име во конфекциската малопродажба, познат по ниските цени и уличната мода. Продажбата им раснеше се до 2000-тите години , кога модниот ланец се прошири со огромна брзина.

Но, купувачите набрзо почнаа да се вртат кон нови брендови. Најголемата конкуранеција на H&M е Зара, кја исто така има загуби во трката со онлајн продавниците.

Растот на продажбата на H&M започна да опаѓа во 2016 година, а кулминираше со најголем пад во продажбата во последниот квартал на 2017 година. Цената на акциите им паднаа, а клучните инвеститори почнаа да ги продаваат акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП