31 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка АД Скопје ја дуплираше добивката за 2018 година

Комерцијална банка АД Скопје ја дуплираше добивката за 2018 година

Во периодот 01.01-31.12.2018 година Комерцијална банка АД Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.780,3 милиони денари наспроти 820,6 милиони денари остварена нето добивка во минатата година, такашто истата е зголемена за околу два пати.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.988 милиони денари и бележат намалување од 3,4% во однос на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.12.2018 година изнесуваат 1.788,4 милиони денари и во однос на минатата година се зголемени за 5,3% како резултат на зголемени трошоци за вработените, по основ на исплатена плата од деловна успешност. Планот е остварен со 112,9%.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа изнесува 413 милиони денари и во најголем дел се однесува на оштетување на имот согласно регулативата од НБРМ.

Во извештајниот период исправката на вредност на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансни изложености на нето основа достигна износ од 793,8 милиони денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП