25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOppo патентираше селфи камера скриена во икона

Oppo патентираше селфи камера скриена во икона

Производителите на мобилни уреди веќе некое време се натпреваруваат кој ќе успее да ја сокрие предната камера во склоп на екранот со се потенките рабови. Според пишувањето на „LetsGoDigital“, кинеската компанија „Oppo“ има ново оргинално решение.

Нивниот патент ја опишува технологијата за мобилни уреди каде врз селфи камерата е поставена икона со цел да се сокрие засекот во екранот каде е поставена. Па така отворот (дупката) каде е сместена предната камера би теребало да биде дел од корисничкиот интерфејс заедно со други икони.

Во нацртите кои се предадени на организацијата „World Intellectual Property Office“ (WIPO) се предвидуваат различни положби на предната камера, тоа е горниот лев агол или пак да биде сместена во средината на уредот.

Додека корисникот „скрола“ по својот уред селфи камерата е сокриена под иконата за камера и останува постојано на екранот („swipe“ надесно и може да ја активира апликацијата за камерата), а дополнителн „swipe“ на врвот на екранот ги открива и останатите икони. Доколку корисниците не ја сакаат, тие можат да ја исклучат целата функционалност. Сепак останува да се види дали таа  ќе биде имплементирана во идните уреди на „Oppo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП