26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФорд произведе седум милиони примероци на Транзит

Форд произведе седум милиони примероци на Транзит

tranzit

Компанијата Форд Мотор објави дека го произвеле седумилионитиот примерок од моделот Транзит. Комерцијално возило кое во Европа беше претставено во 1965-та година, а сега може да се најде на 118 пазари на шест континенти.

Јубилејот е прославен со официјалното отворање на новиот монтажен погон за Транзит во Нанчанг во Кина. Фабриката Јианглинг Хиолан е резултат на инвестиција вредна 300 милиони долари на стратешкиот партнер на Форд, Јианглинг Моторс Корп (JMC), кој произведува возила со ознаката на „JMC“ и Форд за растечкиот кинески пазар.

Форд за својот Транзит од почетокот до сега разви широк спектар на каросерии и варијанти, од комбе за превоз на пакети, преку кипер камион и кампер, дури и до неочекувани возила направени само во еден примерок како Суперван со „Cosvorth V8“ мотор.

tranzit1

Европската премиера на новиот Транзит со носивост до два тона е закажана за пролетта 2014-та година. Во спектарот на понудата ќе бидат вклучени „Transit Custom“, „Transit Connect“ и „Transit Courier“.

Во глобалната експанзија на производството и продажбата на Транзит значаен чекор ќе биде направен во средината на 2014-та година кога за прв пат новиот Транзит ќе влезе на северноамериканскиот пазар. За овој дел од светот Транзит ќе се произведува во Канзас Сити во американската држава Мисури.

Во Форд очекуваат дека до 2016-та година ќе продаваат повеќе од 400.000 возила од еден и два тона носивост, што е еквивалентно на продажба на едно возило на секои 80 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП