19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook ги затегнува правилата за платено рекламирање пред изборите во ЕУ

Facebook ги затегнува правилата за платено рекламирање пред изборите во ЕУ

Најголемата социјална мрежа во светот „Facebook“ најави во Брисел дека во март ќе активира „нови средства“ за борба против мешањето во европските избори кон крајот на мај 2019-та година. Така компанијата ќе одговори на загриженоста на јавноста, а особено на оние на Европската комисија, објави „Ројтерс“.

На почетокот на декември ЕК повика на мобилизација против дезинформациите. Ник Клег, кој неодамна беше назначен во „Facebook“ на функцијата директор за глобални прашања, рече дека новите средства за борба против мешањето во изборите ќе бидат активирани на крајот на март. Компанијата, исто така, ќе ги направи политичките реклами на „Facebook“ транспарентни.

Новите средства ќе бидат слични на оние усвоени во САД од страна на среднорочната анкета во минатата година. Според овие мерки, сите политички реклами ќе бидат зачувани во јавна достапна база на податоци до 7 години. Во оваа база ќе има информации за потрошените пари за реклами, за тоа кој плаќа за нив, податоци за оние кои ги виделе рекламите, вклчитело за возраста, полот и локацијата на овие луѓе.

Новите средства ќе опфаќаат и оние реклами кои не поддржуваат експлицитно даден кандидат или политичка партија, но се фокусирани на силно политизиран теми како што се имиграцијата.

„Facebook“, исто така, ќе создаде два нови регионални оперативни центри кои ќе се фокусираат на следење на содржините поврзани со изборите. Тие ќе бидат во канцелариите на компанијата во Даблин и Сингапур. Овие центри ќе обезбедат и заштита против лажните вести, против говорот на омраза или против намерното дестимулирање на одредена група на луѓе да гласаат.

Ник Клег објасни дека секој кој сака да прави кампања и да објавува реклами на „Facebook“ ќе мора да добие дозвола за тоа од компанијата. Клег ги негираше тврдењата дека „Facebook“ продава податоци на потрошувачите.

Претставникот на „Facebook“ рече дека неговата компанија нема намера да го менува досегашниот модел во кој само рекламите се финансираат, и да го замени со моделот на платени услуги.

„Сакаме „Facebook“ да биде универзална услуга. Ние веруваме дека секој мора да може да биде поврзан со секого. Најдобар начин да го направите ова е да ја понудиме услугата бесплатно и нашиот модел на рекламирање ни овозможува да го правиме токму тоа“, рече Клег.

Ник Клег беше назначен за директор за глобални работи во „Facebook“ минатата есен. Тој е поранешен британски заменик-премиер.

„Facebook“ беше предмет на остри критики поради тоа што не успеа да ги открие кампањите за манипулирање на американскиот електорат за изборите во 2016-та година. Овие кампањи се припишувани на Русија. Репутацијата на „Facebook“ исто така беше задушена од скандалот со „Cambrige Analytica“. Скандалот беше поврзан со користење на лични податоци на корисници на „Facebook“ за политички цели, без корисниците да бидат информирани за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП