18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini (сепак) го ограничува производството: Максимално 8.000 возила во 2020-та

Lamborghini (сепак) го ограничува производството: Максимално 8.000 возила во 2020-та

Со растот на производството и продажбата од година во година, производителите на скапоцените суперспортски автомобили доаѓаат во опасност да ја загубат ексклузивноста која ја имаа претходно.

Кога „Ferrari“ пред неколку години се откажа од политиката за ограничување на производството на 7.000 возила годишно, могумина сметаа дека со тоа ќе биде нарушена репутацијата на овој бренд како производител на ексклузивни автомобили.

Тоа засега не се случи, иако „Ferrari“ од година во година бележеше раст во продажбата на возила.

Дека сепак е потребно да се направи баланс помеѓу зголемувањето на профитот и ексклузивитетот, покажува најновата одлука на конкурентот на „Ferrari“, „Lamborghini“.

„Lamborghini“ исто така во последниве години бележи голема стапка на раст на производството, а значаен импулс во продажбата им даде третиот модел во гамата – „SUV“ возилото „Urus“.

Иако челниците на оваа компанија (како и акционерите) се редуваат на овој тренд, сепак е одлучено годишното производство да биде лимитирано.

Во разговор за „CarAdvice“, првиот човек на „Lamborghini“, Стефано ДОменикели, рече дека ограничувањето станува на сила веќе следната година.

Италијанскиот производител во 2020-та ќе направи најмногу 8.000 автомобили, од кои половина ќе бидат од моделот „Urus“. Од преостанатите 4.000, две третини ќе бидат за моделот „Huracan“, a една третина за „Aventador“.

Меѓутоа, дури и лимитот од 8.000 произведени автомобили претставува значителен скок во однос на досега рекордната 2018-та кога од производната лента слегоа 5.750 возила на „Lamborghini“.

Минатата година производството забележа скок за 51 отсто во однос на 2017-та, а најзаслужен за тоа беше токму споменатиот „Urus“, кој иако во продажба се најде дури во јули, беше купен од 1.761 лице ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП