26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAramco купува 20% од Hyundai Oilbank за 1,6 милијарди долари

Aramco купува 20% од Hyundai Oilbank за 1,6 милијарди долари

Саудиска државна нафтена компанија „Saudi Aramco“, планира да купи речиси 20 отсто од акциите во јужнокорејската компанија за преработка на нафта „Hyundai Oilbank Co.“ за 1,6 милијарди долари, со што ќе го зголеми уште повеќе влијанието во најголемиот нафтен извозник во светот во регионот со најсилната потрошувачка на фосилно гориво, соопшти „Bloomberg“.

„Aramco“ има за цел да ја зајакне својата база на клиенти и уделот на пазарот во Азија, бидејќи се движи кон најверојатно најголемата примарна јавна понуда во берзанската историја.

Купувањето уделот во „Hyundai Oilbank“ објавен денеска е последната аквизиција на средствата за проширување на Саудиска компанија во регионот во текот на изминатите неколку години.

„Aramco“ поседува акции во други големи рафинерии во земји како што се Кина, Индија, Индонезија, Малезија и Пакистан.

Нафтениот гигант има 15 отсто од акциите во јапонската „Showa Shell Sekiyu KK“, како и 63% во обични акции во корејската „S-Oil Corp“.

„„Aramco“ остава свој белег во азиската рафинериска индустрија преку добро воспоставена стратегија“, смета Вандана Хари, основач на „Vanda Insights“, статистичката компанија базирана во Сингапур.

„Саудиска компанија нуди сигурност во побарувачката на нафта и и овозможува на компанијата да учествува во низводните маргини, особено во регион со висок раст на побарувачката на гориво“, рече Хари.

„Aramco“, најголемиот извозник на сурова нафта во светот, и „Hyundai Industries Holdings Co.“, која продава 19,9 отсто удел од нејзината подружница „Hyundai Oilbank“, се очекува да одржат седници на одборот на директори во почетокот на февруари, на која треба да се одобри трансакцијата, рече портпаролот на јужнокорејската компанија.

Саудиска Арабија е најголемиот снабдувач на сурова нафта за Јужна Кореја во 2018-та година, откако беа увезени речиси 876.000 барели дневно, или 19% од вкупната увезена нафта во земјата.

Во декември 201-та8 година, Јужна Кореја купи околу 12% од вкупниот извоз на нафта од Саудиска Арабија.

„Aramco“ се стреми да стекне удел во различни средства за рафинирање со вкупен капацитет од 8 до 10 милиони барели дневно до 2028-ма година, рече во интервју во декември извршниот директор на компанијата Амин Насер.

Купувањето на уделот во „Hyundai Oilbank“ ќе го направи „Aramco“ вториот по големина акционер во јужнокорејското друштво по „Hyundai Heavy Industries“, која моментно поседува 91,1 отсто од акциите.

„Hyundai Heavy Industries“ ја подготвува првично јавната понуда за „Hyundai Oilbank“, но тоа може да се забави поради продажба на акциите на „Aramco“, смета портпаролот на компанијата.

„Hyundai Oilbank“ има капацитет за преработка од 650.000 барели дневно и извезува нафтени производи во различни делови од светот.

Компанијата управува со 2.400 бензински пумпи во Јужна Кореја, како и петрохемиски и нафтен терминал во Улсан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП