28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony VAIO Duo 13 - Ultrabook и таблет заедно

Sony VAIO Duo 13 – Ultrabook и таблет заедно

Duo_13_Black_28_hero06_PenStand

„Sony“ го претстави новиот „VAIO Duo 13“ хибриден „Ultrabook“ компјутер со дијагонала на екранот од 13.3 инчи. Уредот може да има функција и како таблет и како лаптоп.

„SurfSlider“ функцијата овозможува „VAIO Duo 13“ да се претвора од таблет во лаптоп со можност за употреба на тастатура, или обратно, од лаптоп во таблет со екран чуствителен на допир.

„VAIO Duo 13“ има можност да создаде сопствена бежична мрежа со помош на адаптерот за напојување, кој служи и како рутер. Потребно е само да се поврзе мрежниот кабел со постоечкиот адаптер, па така бежично може да се поврзат уште пет уреди.

Овој уред има „HD“ екран 16:9 кој дава кристално јасен приказ и реалистични бои. Резолуцијата му е 1920 x 1080 пиксели. Покрај одличните слики овој модел овозможува и врвно аудио доживување благодарејќи на функцијата „ClearAudio+“.

Батеријата може да трае до 15 часа без дополнително напојување, која овозможува континуирано работење.

Во овој модел се наоѓа процесор „Intel Core i5“ и „4GB RAM“. Има „SSD disk“ од 128GB. Камерата на задната страна има 8 мегапиксели, додека предната е со сензорот „Full HD Exmor R for PC“.

„Sony VAIO Duo 13“ на пазарот ќе биде достапен од крајот на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП