28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед повеќе не е најбогат фудбалски клуб во светот

Манчестер Јунајтед повеќе не е најбогат фудбалски клуб во светот

Реал Мадрид можеби има проблеми на фудбалскиот терен, но сигурно има повеќе среќа надвор од него.

Шпанскиот гигант, кој во моментов е на третото место во Ла Лига, го претекна Манчестер Јунајтед како најбогат фудбалски клуб во светот со рекордни приходи од 852,9 милиони долари, соопштува „CNN“.

Тој се претвора во единствениот клуб кој ја предводеше листата 12 пати, откако ја освои по трет пат Лигата на шампионите во минатата година.

Според на компанијата „Deloitte“, Манчестер Јунајтед останува на третото место на листата со приходи од 756,5 милиони долари, а клубот е надминат и од Барселона.

И покрај падот на посетеноста на стадионот „Камп Ноу“ во минатата сезона Барселона ги зголемува приходи благодарение на новите договори за спонзорство и освојувањето на шпанското првенство со што генерираше 783,6 милиони долари.

Нема знаци за забавување на финансискиот бум на фудбалските клубови. 20-те најбогати фудбалски тимови имаат генерирано вкупно 8,41 милијарди долари, што е раст од 6% во однос на минатата година.

Повторно само тимови од петте водечки шампионатот во Европа наоѓаат место во топ 20.

Рангирањето е составено врз основа на способноста на клубовите да генерираат приходи од продажба на денот на натпреварот, телевизиски права за емитување и реклами во сезоната 2017-2018 година.

Крај на англиската доминација

Рекордните шест англиски екипи во првите десет оваа година ја покажува глобалната сила на Премиер лигата.

Манчестер Сити останува на петтото место по освојувањето на титулата во Премиер лигата во минатата сезона, а ривалот за европската титула во минатата година Ливерпул се искачува од деветтото на седмото место. Челзи и Арсенал се осми и деветти.

Тотенхем влегува меѓу првите десет по втор пат во својата историја, откако го надмина Јувентус на Кристијано Роналдо.

И покрај доминацијата во оваа година „Deloitte“ предупредува дека англиските клубови најверојатно тешко дека ќе ги задржат своите места следната година, бидејќи Премиер лигата не постигнала значителен раст на цените во правата за емитување.

Според компанијата англиските клубови ќе мора повеќе да се потпираат на сопствените можности да генерираат приходи на денот на натпреварот, а другите првенства во Европа се закануваат да одат понапред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП