2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBuzzFeed отпушта 15% од своите вработени

BuzzFeed отпушта 15% од своите вработени

„BuzzFeed“ планира да скрати околу 15% од вработените, тврдат извори на „Wall Street Journal“, запознаени со прашањето. Ова се случува во момент во кој компанијата се обидува да се приспособи кон менување онлајн медиумскиот пејзаж.

Отпуштањата ќе влијаат на 250 работни места, велат извори. Компанијата, која е еден од најголемите онлајн издавачи, исто така се обидува да ги прегрупира своите ресурси за да инвестира повеќе во ветувачки области на бизнисот, како лиценцирање на содржина и трговија, посочува еден од изворите.

Една од причините за промените е потребата од насочување на „BuzzFeed“ по патот на профитабилност. Освен тоа таа треба да е во соодветна форма за спојувања со други медиумски играчи, коментираат изворите.

Според еден од нив меѓу другите мотиви за отпуштањата е да се помогне на компанијата да го избегне потворно регрутирањето на капиталот. „BuzzFeed“ доби околу 500 милиони долари и беше проценета на околу 1,7 милијарди долари по последниот круг во 2016-та година.

Меѓу инвеститорите се наоѓаат „NBCUniversal“ на „Comcast“ кој вложил 400 милиони долари, „Andreessen Horowitz“, „Lerer Hippeau Ventures“, „New Enterprise Associates“, „RRE Ventures“ и „Hearst Ventures“.

Онлајн медиумите во индустријата се борат да го задржат брзиот раст на приходите од дигиталната реклама и се соочуваат со големи очекувања на своите инвеститори, додека се спротивстават на доминацијата на технолошките гиганти, како „Google“ и „Facebook“. Многу од компаниите размислуваат за спојување со конкуренти за да постигнат поголема моќ, која веруваат дека им е потребна за да се натпреваруваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП