6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ербас“ заминува од Британија во случај на брегзит без договор

„Ербас“ заминува од Британија во случај на брегзит без договор

Извршниот директор на eвропскиот „Ербас“, Том Ендерс, предупреди дека можно е компанијата да се пресели од Велика Британија во случај на брегзит без договор.

Во остро напишано соопштение, Ендерс оценува дека брегзит се заканува да ја уништи стогодишната позиција на Велика Британија како лидер во глобалната авијација и укажува дека земјата сега е на работ од амбисот, пренесува агенцијата АП.

Тој ги повика британските граѓани да не го слушаат лудилото што произлегува од поддржувачите на брегзит, според кои, поради големите фабрики во Британија, „Ербас“ засекогаш ќе остане во таа земја.

„Тие не се во право“, вели Ендерс.

„Ербас“ има повеќе од 14.000 вработени во Велика Британија, додека уште 110.000 луѓе работат на работни места кои се поврзани со програмата на оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП