16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn бара да ангажира 50.000 нови вработени во првиот квартал од 2019-та

Foxconn бара да ангажира 50.000 нови вработени во првиот квартал од 2019-та

Тајванската компанија „Foxconn“, која ги составува моделите „iPhone“ на „Apple“, изјави дека планира да вработи повеќе од 50.000 нови вработени за своите кампуси во Кина во првиот квартал од годината, соопштува „Ројтерс“.

Компанијата, исто така позната како „Hon Hai Precision Industry Co Ltd“, изјави дека определениот број на нови вработени е дел од нејзиниот вообичаен одговор, базиран врз нејзината глобална стратегија и потребите на клиентите.

Во текот на изминатата недела јапонското издание „Nikkei“ објави дека „Foxconn“ ослободила околу 50.000 свои вработени во Кина од октомври до декември 2018-та година.

Веста се појавува во позадина на друго известување на „Nikkei“, поврзано со одлуката на „Apple“ за 10-процентното намалување на производството во овој квартал по забавувањето на побарувачката во Кина, најголемиот пазар на смартфони во светот.

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung Electronics Co Ltd“, како и други претставници на индустријата, исто така, предупредија за забавување во секторот во оваа година.

„Foxconn“, чија заработка во голема мера зависи од договорот со „Apple“, објави пад на продажбата од 8 отсто во декември претходно во овој месец.

Ова е прв пад на приходите на годишна основа од февруари.

Минатата година претседателот на „Foxconn“, Тери Гоу коментираше дека трговскиот спор меѓу Кина и САД е најголемиот предизвик, со што компанијата се соочува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП