20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ го казни „Мастеркард“ со над половина милијарда евра

ЕУ го казни „Мастеркард“ со над половина милијарда евра

Европската комисија денеска ја казни компанијата за парични трансакции „Мастеркард“ (Mastercard) со 570,6 милиони евра поради примена на регулативи кои вештачки ги зголемиле трошоците за плаќање со картички во Европа.

Од ЕК соопштија дека „Мастеркард“ е казнет бидејќи на трговците им ја ограничил можноста да користат поповолни такси што ги нудат банките кои работат во ЕУ, објави агенцијата „Ројтерс“.

„Правилата нa ‘Мастеркард’ вештачки ги зголемија трошоците за плаќање со картички, а тоа предизвика штета за потрошувачите и трговците во ЕУ“, изјави европската комесарка за заштита на конкуренцијата, Маргрет Вестагер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП