18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЦел компјутер интегриран во еден глушец (видео)

Цел компјутер интегриран во еден глушец (видео)

Во годините наназад човештвото беше сведок на голем број технолошки иновации, а се одеше во насока на создавање иновативни технологии што можат да се вклопат во различни уреди.

Денешните паметни телефони се добар пример за ова. Покрај тоа што се тенки, тие имаат прилично моќен хардвер, со многу меморија и процесори со голема брзина.

Воден од ваквите примери, јутјуберот Electronic Grenade одлучил да се обиде да вклопи целосно функционален компјутер во компјутерски глушец. Крајниот резултат е доста импресивен и, иако можеби не и најмоќен, неговиот концепт е дефинитивно уникатен.

Првичниот план бил компјутерот Raspberry Pi да се смести во стандарден компјутерски глушец, но тоа се покажало како невозможно поради големината на регуларните глувци.

Наместо тоа, јутјуберот искористил 3D-печатач и направил компјутерско глувче погодно за надградба. Тоа е малку поголемо од другите глувци, но сепак со разумна големина за употреба. На глувчето има поставено мал екран кој може да се вклучи, како и тастатура на извлекување. Курсорот на екранот се движи со самиот глушец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП