4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуски синџир супермаркети продаде продавници за 501 милиони евра

Француски синџир супермаркети продаде продавници за 501 милиони евра

Францускиот синџир супермаркети „Casino“ се согласи да продаде 26 продавници во вредност од 501 милиони евра (567 милиони долари) на „Fortress Investment Group“, соопшти француската група. Така таа ја исполнува својата цел за продажба на средства, поставена минатата година, во рамките на плановите за намалување на долгот, пренесува „Ројтерс“.

Од „Casino“ соопштија дека ќе го продаде портфолиото на хипермаркети и традиционалните супермаркети на „Fortress“ која создаде алатка за стекнување и управување со средства.

Првично компанијата ќе добие 392 милиони евра од продажбата во првото полугодие на 2019-та година и може да освои уште 150 милиони евра во следните години.

Договорот ќе и овозможи на „Casino“ да ја постигне целта од минатата година за продажба на имот во вредност од 1,5 милијарди евра и синџирот соопшти дека ќе испита уште чекори за намалување на долгот.

Акциите на „Casino“ поскапеа за 0,4% во почетокот на трговијата.

„За пофалба е брзото спроведување на планот за продажба на средствата“, истакнаа аналитичарите од компанијата „Bernstein“, иако таа го задржи својот рејтинг „underperform“ за акциите на „Casino“.

Кредитниот рејтинг на компанијата беше намален на „ѓубре“ од „Standard & Poor’s“ во март 2016-та година од вредноста компанијата има изгубено околу 30% во 2018-та година, делумно поради загриженоста за нејзиниот биланс на рамнотежа и способноста на компанијата мајка „Rallye’s“ да го рефинансира долгот.

Сепак акциите на „Casino“ поскапеле со речиси 10% во 2019-та година, поддржани од силните податоци за продажбата во минатата недела. Тие покажаа дека приходите на компанијата во четвртиот квартал достигна 9,9 милијарди евра, што е над пазарните очекувања.

„Casino“ објави дека ќе се придржува кон своите финансиски цели за 2018-та година, иако растот на приходите се забави малку во четвртиот квартал, бидејќи антивладините протести во Франција влијаеле во продажбата на нејзините хипемракети „Geant“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП