25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпрогрес со донација на производи е вистински пријател со срце на децата...

Макпрогрес со донација на производи е вистински пријател со срце на децата од СОС Детско Село

Макпрогрес доо донираше производи во меѓународната невладина организација за социјална заштита на децата – СОС Детско Село Македонија. Донирани беа пакети со храна од широката палета на производи од брендовите: Сончева Долина, Армониа, Натура и Винчини, на своите штитеници во СОС Детското Село – Македонија.

Овие пакети ги добија сите 12 семејства кои живеат во 12 – те куќички во склоп на комплексот. Со овој гест, Макпрогрес уште еднаш покажа дека е вистински пријател со срце на децата од СОС Детско Село со приоритет, како општествено одговорна компанија, подобрување на условите и квалитетот на живеење на загрозените категории граѓани во Република Македонија.

“Оваа донација е резултат на нашата соработка со СОС Детско Село. Преку низа вакви гестови, сакаме на дечињата да им покажеме дека секогаш ни се во мислите и дека се грижиме за нив и нивната благосостојба. Она што можеме, е да им овозможиме богата и разновидна трпеза во топлината на нивните домови и СОС семејства. Се надеваме дека тие ќе уживаат во здрави и вкусно приготвени оброци и десерти, а ние и понатаму ќе уживаме во нивното друштво и заеднички активности“ – изјавија од Макпрогрес.

СОС Детско село Македонија е дел од големото семејство на меѓународната организација СОС Детски села интернационал. Главната дејност е насочена кон поддршка на деца без родители и родителска грижа, деца и семејства во социјални ризици, како и активности во полето на социјалната заштита. Во организацијата СОС Детско Село згрижените деца добиваат можност да растат во заедница каде наоѓаат сигурност, љубов и топлина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП