2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранција инсистира Nissan и Renault да се обединат во една холдинг компанија

Франција инсистира Nissan и Renault да се обединат во една холдинг компанија

Владата на Франција инсистира француската автомобилска компанија „Renault“ и јапонската „Nissan“, кои во моментов се унија, да се обединат во единствена холдинг корпорација.

Според извори на јапонскиот медиум „Nikkei“ токму такво барање упатила француската делегација, која го посети Токио оваа недела.

Освен тоа француската страна информирала дека планира да назначи нов претседател на Одборот на директори на „Nissan“ на местото на уапсениот Карлос Гон. Францускиот концерн го има ова право според тековниот договор за партнерство.

„Nikkei“ забележува дека во позадина на компликациите се односите меѓу двете автомобилски компании, „Renault“ повторно врши притисок со цел тие да се спојат. „Nissan“ пак е против, бидејќи тогаш француската влада која е акционер во „Renault“, ќе може да влијае на политиката на јапонската група.

Францускиот концерн ќе назначи нов шеф, кој најверојатно ќе заземе цврст став во преговорите со јапонската страна по индикацијата на француската влада.

Јапонското издание потсетува дека пред да биде уапсен, Гон планирал да ги обедини двете компании.

Во моментов „Renault“ има 43,4% од акциите на „Nissan“, како и право да го именува шефот на компанијата и членовите на одборот на директори. Јапонскиот производител на автомобили, пак, има 15 отсто од акциите на „Renault“ и нема право на глас во француската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП