2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто ги мачи сопствениците на модерните автомобили?

Што ги мачи сопствениците на модерните автомобили?

tehnologija

Модерните автомобили не се расипуваат така често, како што во минатото се случувало. Но тоа незначи дека нивните сопственици секогаш се задоволни со тоа што го купиле.

Во денешно време дури и купувачите на возила од пониските класи и категории имаат можност своите автомобили да ги опремат до многу високо ниво. Во понудите се различни мултимедијални системи со големи екрани осетливи на допир, можности за поврзување со интернет, паркинг сензори, задни камери за помош при возење во рикверц и при паркирање и многу други современи системи.

Автомобилите станаа посигурни и подобро опремени, но нивните сопственици и натаму имаат проблеми со нив. Меѓутоа тие денес се од различна природа.

Според анкетата која ја направи „J.D.Powers“, сопствениците во текот на првите три месеци од купувањето на возилото не се жалат толку на проблемите во врска со дефектите на возилата. Дури две третини од возачите рекле дека во тој период се соочувале со проблеми додека разберат како функционираат некои од системите.

Многу од овие проблеми се поврзани со новата технологија, како што е препознавањето на гласовните команди, „hands-free“ технологијата, управувањето на телефоните со помош на „Bluetooth“ конекција, системите за навигација……

tehnologija1

„Производителите на автомобили вложуваат милијарди долари или евра за да дизајнираат и конструираат автомобили кои се опремени со најсовремените технологии и системи. Меѓутоа, тие се повеќе од претходно во опасност тоа што ќе го дизајнираат и проектираат во некои случаи да не им одговара на вистинските потреби на корисниците“, вели Давид Саргент од компанијата „J.D.Power“.

Исто така продавачите би требало да бидат запознаени со новата технологија во автомобилите која им ја нудат на купувачите, за да можат подобро да им ја објаснат и да им ја претстават улогата и функционирањето на системот кој ќе го користат ако го купат одреден модел.

Дури и ако се одлучат за некој автомобил кој е опремен со најсовремениот систем, сопствениците можат да се соочат со проблеми, како што е нивната непрактичност, неинтуитивност при употребата, недостатоци во функционирањето на софтверот и апликациите, потешкотиите при препознавањето на гласовните команди и многу други работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП