19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba ги намалува трошоците за патувања и ја забавува побарувачката за нови...

Alibaba ги намалува трошоците за патувања и ја забавува побарувачката за нови кадри

„Alibabа Group Holding“ ги скратува трошоците за патувања на вработените и го одлага вработувањето за некои позиции. Ова се случува во момент во кој најголемата кинеска компанија за електронска трговија се подготвува за забавувањето на економијата на земјата, тврдат извори за „Bloomberg“, запознаени со прашањето.

Некои од нововработените биле известени дека не можат да почнат со работа до почетокот на фискалната година во април, посочуваат изворите кои посакале да останат анонимни, бидејќи немаат право да коментираат во врска со ова прашање.

Ограничувањата при патувања го забрануваат користењето на бизнис класата, а вработените ќе можат да изберат премиум услуга на секое петто двонасочно патување кое трае повеќе од 20 часа, додава еден од изворите.

Трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг фрла уште поголема сенка врз Кина, а претседателот на „Alibaba“, Џек Ма предупреди во септември за предизвиците со кои неговата компанија се соочува додека загриженоста за локалната економија расте.

Макроекономското забавување влијае на сите – од производителите на хардвер до најголемиот стартап во светот, „Bytedance“, за кое се вели дека едвај ја достигна својата цел за приходи за 2018-та година.

Новите вработувања станаа помалку, коментира изворот. На еден од кандидатите му е кажано дека понудата ќе биде продолжена ако е подготвен да почека до април, додава друг.

На вработените им е кажано дека „Alibaba“ веќе нема да плати за подобри места во повисоката класа, вели изворот. Таксистите на аеродромите ќе бидат платени само ако патуваат заедно три лица, соопшти извор.

Запрашани за потенцијалните отпуштања, од „Alibaba“ коментираа дека секогаш инвестираат во таленти и ги привлекуваат вистинските луѓе.

„Долгорочното стратешко планирање и континуираниот развој на нашите таленти се важни за иднината на „Alibaba““, соопшти компанијата во електронска пошта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП