3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMorgan Stanley објави пониска од очекуваната заработка за четвртиот квартал

Morgan Stanley објави пониска од очекуваната заработка за четвртиот квартал

Профитот на американската банка „Morgan Stanley“ не успеа да ги исполни очекувањата на аналитичарите за последниот квартал од 2018-та година, откако растот на корпоративните трансакции не го компензираше забавувањето при трговијата.

Профитот на банката, која е една од шесте најголеми во САД, за периодот е 1,5 милијарди долари, или 80 центи по акција, а приходите изнесуваат 8,5 милијарди долари, пишува „Wall Street Journal“.

И двете суми се под претставувањето на финансиската институција пред една година, кога добивката по акција беше од 84 центи без еднократните ефекти од промената во даночното законодавство од крајот на 2017-та година. Приходите пак беа со милијарда повеќе или 9,5 милијарди долари.

Аналитичарите очекуваа профит од 1,6 милијарди долари, или 89 центи по акција, при приходи од 9,3 милијарди долари.

По веста, акциите на „Morgan Stanley“ паднаа за речиси 5 отсто во берзанската трговија.

Приходите од тргување со фиксен приход достигнаа 564 милиони долари, што претставува намалување од 30% на годишна основа. Ова е најлошата изведба на финансиската институција во последните три години.

Пад во инвестициското банкарство, но со поумерени 3%. Раст од 44% се забележува кај приходите од спојувањата и пад од 28% кај оние од осигурителната дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП