19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо судското одобрување на планот за реорганизација на ГСОЛ успешно се завршува...

Со судското одобрување на планот за реорганизација на ГСОЛ успешно се завршува стечајната постапка на ФЕНИ Индустри

Планот поднесен од ГСОЛ, за реорганизација на ФЕНИ Индустри, пирометалуршка фабрика за производство на фероникел во Кавадарци, е конечен, како што соопшти Судот во Велес.

Со соопштението на Судот се потврдува правосилноста на Планот за реорганизација на ФЕНИ Индустри, и истиот претставува извршен документ во согласност со одредбите од Законот за стечај.

Планот беше одобрен од страна на Собранието на доверители како и од Одборот на доверители на ФЕНИ Индустри и вклучува значителна инвестиција за стабилизирање и подобрување на активностите на ФЕНИ.

Коментирајќи ја судската одлука, Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, рече: „Денес се става крај на периодот на несигурност, сомнеж и проблеми за ФЕНИ Индустри и започнува периодот на инвестиции, раст и стабилност за компанијата. Завршувањето на формалниот процес на стечај му овозможува на ФЕНИ да се насочи кон одржлива иднина како сигурен снабдувач на светскиот пазар на фероникел и со тоа повторно да стане еден од најголемите извозници во земјата, како и да го даде својот значаен придонес кон растот на БДП.”

„Успешната реорганизација на ФЕНИ е заслуга на трпението и напорната работа на вработените во ФЕНИ и бројните институции во државата, чија професионалност и посветеност демонстрираа дека државата е отворена за директни странски инвестиции. ГСОЛ е задоволен што се обврза да ја одржи фабриката во работна состојба, со што зачува повеќе од 750 значајни работни места за време на стечајниот процес, преку договорот за процесирање на руда. Сега сме насочени кон натамошни подобрувања за зајакнување на активностите на фабриката преку Еуроникел“, додаде Камхис.

Герасим Кујунџиев, директор на Еуроникел, рече: „Судската одлука ја завршува неизвесноста за вработените и гарантира безбедност за многумина во нашата заедница. И покрај многуте пречки и предизвици во минатото, сега сме во состојба нашите финансиски ресурси и експертиза да ги ставиме во корист на компанијата, заедницата и земјата како целина.”

Повеќе од 80 милиони евра инвестирани од ГСОЛ во текот на минатата година, овозможија ФЕНИ да ја намали несигурноста на своите кредитори и добавувачи, да ја одржи фабриката во работа и да произведе над 10.000 тони никел за извоз на светските пазари во 2018 година.

 

За ГСОЛ:

Основан во 2009 година, ГСОЛ инвестира во секторот на основни метали и во моментов вработува над 1.500 луѓе во своите рударски и металуршки објекти на глобално ниво, вклучувајќи ја и фабриката за фероникел позната како Фалкондо во Доминиканската Република, која беше купена од Glencore во 2015 година.

Под раководство на претходните сопственици, ФЕНИ поради финансиски потешкотии во октомври 2017 година престана да работи, пред да биде отворена стечајната постапка во ноември 2017 година. Според условите на договорот за процесирање на руда, кој му беше доделен на ГСОЛ спроведен по тендерска постапка управувана од стечајниот управник на ФЕНИ и од Одборот на доверители, претставништвото на ГСОЛ, Еуроникел повторно започна со производство на фероникел во ФЕНИ во февруари 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП