20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖивотните на Schleich бараат нова татковина

Животните на Schleich бараат нова татковина

Пластичните животни на германскиот производител на играчки „Schleich“ ќе имаат нов сопственик.

Францускиот финансиски инвеститор „Ardian“ ја ангажираше американската инвестициска банка „JP Morgan“ да најде нов купувач за производителот, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на внатрешни извори.

„Ardian“ го купи „Schleich“ во 2014-та година од страна на финансискиот инвеститор „HG Capital“ за околу 220 милиони евра и сега се надева дека ќе добие повеќе од 400 милиони евра, вклучувајќи го и долгот, рече еден од изворите. Од „Ardian“ и „JP Morgan“ одбиле да дадат коментар за оваа тема.

Компанијата основана во германскиот град Гмунд во 1935-та година, станала позната по своите бели и сини фигури на штрумфовите од истоимениот анимиран филм и карикатури. Но, денес тие претставуваат само мал дел од бизнисот. Најголем дел од приходите се генерирани од пластичните фарми и дивите животни.

Во 2017-та година, приходите на „Schleich“ скокнаа за девет отсто на 156 милиони евра. Компанијата продава околу 50 милиони парчиња годишно. Иако ги продава своите производи во повеќе од 50 земји, половина од продажбата се уште е генерирана од Германија.

И покрај неодамнешниот силен раст, „Schleich“ се соочува со предизвиците на поевтините кинески конкуренти, промените во вкусовите на децата и подемот на електронските играчки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП