29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебитираше BMW Serieѕ 7 со новиот V8 агрегат (фото+видео)

Дебитираше BMW Serieѕ 7 со новиот V8 агрегат (фото+видео)

По бројните „тизери“, папарцо-фотографи и шпекулации, „BMW“ конечно ја претстави редизајнираната „седмица“.

Моделот доби повеќе стилски промени и неколку важни технолошки подобрувања, а „BMW“ ги претстави нa моделот „M760Li xDriver“, кој ќе биде во врвот на понудата.

Пред се доминира масивната предна маска со 40% поголем „бубрег“ кој остава помоќен визуелен впечаток.

Над маската блага промена во дизајнот има и хаубата, додека крилата станаа „помускулести“.

Што се однесува до светслосните групи, промените во дизајнот се напреваени на задниот дел од возилото, па тенката линија се протега низ целото задно крило и се спојува со светлата, кои се 3 см потенки од претходниот модел.

Во внатрешноста „седмицата“ ја доби последната генерација на дигитална инструмент табла која се наоѓа во моделите „X5“ и „Serieѕ 8“, a баварците ветуваат нови кожни навлаки, како и подобрена звучна изолација.

Што се однесува до погонот, „V12“ со 600 KS и 850 Nm и натаму е главна „ѕверка“ во моделот „M760“.

Меѓутоа, „BMW“ претстави и преработена верзија со 4,4-литарски „V8“ со 530 KS и 750 Nm, што е за 80 KS и 100 Nm повеќе од досега.

Во новиот „750i xDrive“, новиот „V8“ овозможува забрзување од место до 100 km/h зa само 3,9 секунди.

Новата „Seriеѕ 7“ ќе биде понудена и со хибридна технологија која се комбинира со шестцилиндарски агрегат од 280 KS и со електромотор од 115 KS.

Заедно развиваат 395 KS што овозможуваат забрзување за 4,9 секунди, додека „BMW“ се уште не соопшти колку ќе има автономија на само електричен погон од литиум-јонската батерија.

„BMW“ исто така го преработи и осумстепениот автоматски менувач за сите модели за 2020-та година, кој би требало да овозможи побрзо и полесно менување на брзините, а доаѓа со функцијата „Launch Control“ во стандарна опрема.

Новата „седмица“ ќе се најде во продажните салони во април, а ќе биде достапна во пет различни спецификации, од кои четири се со погон на сите четири тркала, а една е на задната осовина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП