20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJPMorgan не успеа да ги исполни очекувањата за профит во последниот квартал

JPMorgan не успеа да ги исполни очекувањата за профит во последниот квартал

Американската банка „JPMorgan Chase & Co“ забележа послаба од очекуваната добивка за четвртиот квартал од 2018-та година, откако послабата трговија со обврзници ги засени растовите од повисоките каматни стапки и скокот кај кредитите.

Акциите на најголемата американска банка по големина на активата поевтинуваат со речиси три проценти пред почетокот на берзанското тргување. Финансиска институција забележува опаѓање на приходите во три од четирите основни бизнис поделби, соопштува „Ројтерс“.

Корективните приходи од тргување со фиксен принос се намалија за 18%, бидејќи се повеќе инвеститори се откажуваат од трговијата со стоки и долг поради зголемувањето на нестабилноста во крајот на 2018-та година.

Притисок врз трговијата ги покажаа растечките грижи за глобалниот економски раст, како и континуираната трговска војна меѓу САД и Кина.

„Со влегувањето во 2019-та година ние ги повикуваме лидерите на нашата држава да заземаат кооперативен, конструктивен тон кој ќе го засили веќе стабилните расположенија на корисниците и бизнисот“, изјави главниот извршен директор на банката, Џејми Дајмон.

Профитот на „JPMorgan“ беше погодена и од растот од 6% на трошоците, кои за возврат се должат на зголемените инвестиции во технологијата, маркетингот и недвижниот имот.

Нето добивката на банката забележува раст од 67% до 7,07 милијарди долари, што прави 1,98 долари по акција, во споредба со една година порано, кога ја презеде еднократен надомест заради промените во американските даночни закони. Иако растот податоците не можеа да одговорат на очекувањата на аналитичарите за профит од 2,20 долари по акција според податоците на „IBES“.

Приходите од камати се зголемија за 9% до 14,5 милијарди долари, потпомогнати од повисоките каматни стапки во 2018-та година.

Приходите на банката како целина, исто така се зголемуваат за 4,1% до 26,80 милијарди долари – малку под очекувањата на аналитичарите за 26,83 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП