21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Топ 10 најголеми економии во 2030 година

График на денот: Топ 10 најголеми економии во 2030 година

Денешните пазари во развој, утре ќе бидат најголемите економски центри, според неодамнешната прогноза на Standard Chartered, мултинационална банка со седиште во Лондон.

Банката смета дека економиите во развој како Индонезија, Турција, Бразил и Египет се движат по скалилата – и до 2030 година проценува дека седум од најголемите 10 економии во светот по БДП (ППП) ќе бидат лоцирани на пазарите во развој.

Споредба 2017 vs 2030

За да се создаде дополнителна слика, овие проекции се споредени со најновите податоци на ММФ за БДП за 2017 година. Исто така додадена е и потенцијална промена за секоја земја, ако ги споредиме директно овие два податоци.

Еве како се менуваат бројките:

Најверојатно најголемото изненадување на листата е Египет, земја која Standard Chartered ја гледа како расте со тајно темпо во текот на овој временски период.

Ако ги споредуваме користејки ги податоците на ММФ од 2017 година, разликата меѓу двата броја е зачудувачка – 583%. Ова ја прави таквата проекција сосема амбициозна, особено со оглед на тоа што организациите како ММФ го гледаат Египет со просек на раст на БДП приближно до 8%  во текот на следните неколку години.

Настрана од Египет, веројатно е дека искачувањето на пазарите во развој ќе продолжи да биде тема во идните проекции на други банки и меѓународни организации.

До 2030 година, Индија ќе биде втора по големина економија во светот, но исто така, ќе биде и најнаселена земја во светот(се очекува да ја помине Кина до 2026 година).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП