19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа првиот Cadillac на струја (фото)

Како изгледа првиот Cadillac на струја (фото)

Американскиот производител објави фотографии од својот прв електричен автомобил, а станува збор за кросовер со три реда седишта.

„Cadillac“ на прес-конференција оддржана пред почетокот на саемот за автомобили во Детроит најави целосно електричен модел, со засега непознато име.

И додека името на модело засега е тајна, две фотографии го откриваат дизајнот на надворешноста, а станува збор за кросовер/„SUV“ возило со агресивен изглед, во кој ќе може да се сместат три реда седишта и да се превезуваат 6 возрасни лица.

Од „Cadillac“ не ги соопштија техничките детали, како и датумот за лансирање на својот електричен автомобил, но најави пазарна офанзива во наредните две години, по еден нов модел на секои 6 месеци

Aмериканскиот производител откри дека кросоверот на струја ќе биде опремен со напредната технологија за автономно возење, која ќе овозможи возилото да се движи потполно самостојно, без интервенции на возачот.

Името и спецификациите на овој „Cadillac“ ќе бидат откриени по отворањето на авто-саемот во Детроит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП