20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителот на роботи Kuka размислува за отпуштања

Производителот на роботи Kuka размислува за отпуштања

Германскиот производител на роботи на „Kuka“, вели дека планира да ги намали работните места до крајот на 2021-та година за да заштеди 300 милиони евра. Потребни се отпуштања за да се надоместат слабите резултати на компанијата во последниве години.

„Не можам ни да ви ја кажам точната бројка, бидејќи ни јас не го знам тоа“, изјави Питер Монен, в.д. шеф на компанијата, за време на телеконференцијата. Претставниците на компанијата ќе започнат разговори со синдикатите. Тој не прецизира дали „Kuka“ ќе пријави загуба.

„Kuka“ е во очите на јавноста, бидејќи беше купена во 2017-та година од страна на кинескиот производител на електрични апарати за домаќинство „Midea“ за околу 4,6 милијарди евра. Аквизицијата на водечката компанија во индустријата за роботика е неизвесноста на многу претставници на индустријата во Германија и Европа кои се загрижени дека Кина има премногу влијание врз пазарот.

„Kuka“ минатата година беше во центарот на вниманието откако неколку извршни директори одеднаш се повлекоа поради извештаите дека сопствениците на кинески компании сакаат да имаат поголема улога во секојдневниот бизнис на компанијата. За да ги подобри своите финансии, фирмата соопшти дека ќе почне да се фокусира на поедноставни и поевтини роботи што се користат во електрониката. Досега компанијата работеше на поскапи роботи кои се користат во автомобилскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП