Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,333.36 -0.2%    GRNT 829.00 0%    KMB 5,700.00 -0.01%    MERM 2,100.00 2.04%    MPT 52,028.57 -0.18%    MTUR 5,100.00 0.02%    REPL 76,000.00 0.66%    STB 1,199.00 -0.08%    TKVS 5,384.38 0.64%    

Граѓаните да внимаваат со „брзите кредити“

Време: 10:10

Датум: јануари 12, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Секој корисник има право предвреме, кога сака, целосно или делумно да го врати банкарскиот потрошувачки кредит. Притоа, според Законот за потрошувачки кредити, точно се знае колку банката може да го „напенали“.

Но, до Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) многу често стигнуваат поплаки од граѓани. Велат дека банките им наплаќаат 30 отсто од целата сума на крадитот што решиле предвреме да го исплатат, а според Законот максималната „казна“ е 0,5 до еден процент.

-Многу често се случува банките да наплатат огромна ставка пенали со што е директно оштетен потрошувачот. Според Законот, кредиторот има право да наплати пенал од еден процент за кредит кој има повеќе од една година, а 0,5 процент за кредит кој има помалку од една година. Ако сте во третата година од враќање на вашиот кредит, а ви останале уште две години, банката смее да ви наплати само еден процент од вкупната вредност на кредитот. Ние добиваме поплаки дека наплаќаат 30 проценти од целата вредност на кредитот. Ако станува збор за мал кредит од 300 евра не е многу пари, но ако се работи за 100 или 200 илјади денари, тогаш е веќе дискутабилно, вели Стефан Момиќ од ОПМ.

Според него, друг, исто така многу чест проблем е откажувањето од договорот за потрошувачки кредити.

Можете да се откажете од потрошувачкиот кредит во рок од 14 дена иако сте потпишале договор

-Дали потрошувачот има право да се откаже од кредитот без да изнесува причина? Да. Ако утре одлучите да одите во банка за да земете кредит, задутре можете да го поништите барањето. Исто како кај секој производ. Ваше право е, без никаква наведена причина, во рок од 14 дена да се откажете од земањето крдит. Но, според нашата анализа, оваа ставка е многу често скриена од страна на кредиторот. Банката не ја дава оваа опција, не ја наведува. Затоа и потрошувачот не е свесен дека може да се откаже од земање на кредитот. Практично, се искористува неговата неинформираност, нагласува Момиќ.

Новокомпонирани финансиски друштва ги искористуваат граѓаните

Во последно време се поактуелни стануваат т.н. брзи кредити. За да ги заштити потрошувачите, ОПМ конкретно за овој сегмент поттикна измени на Законот за потрошувачки кредити.

-Измените се реакција на малите, новокомпонирани финансиски друштва кои најчесто се со странски управители, а се дојдени од некоја друга земја во Македонија и притоа нашле дупка во Законот. Сега го искористуваат обичниот граѓанин. Со брзите кредити што ги нудат, не се опфатени луѓето со високи примања, туку оние „обичните“ кои немаат никаков поим во врска со потрошувачките кредити. За земање вакви кредити потребна е само лична карта. Се бараат и примања, но има и такви кои не бараат. Дупката во законот е тоа што за кредит до 200 евра не е потребна никаква кредитна анализа. Институцијата во таков случај не влегува во никаков ризик. Таа е осигурана. Од друга страна, ви нуди кредит со нула проценти камата, што е нереално. Но, на таа нула отсто камата, вкупните трошоци во форма на провизија и потпишување договор, изнесуваат до 200 проценти од кредитот. Затоа ние инсистираме на промена на овој Закон, објаснува Момиќ.

Со законските измени се бара да се ограничат овие вкупни трошоци, да не може да изнесуваат 200 проценти, туку да бидат максимум 55 отсто.

-Во ваков случај, на овие новокомпонирани институции нема да им се исплати да влезат во таков ризик. Сега, со 200 до 300 проценти тие се обезбедени и од десет луѓе двајца да им ги покријат тие средства, се доволни, вели Момиќ.

Граѓаните може да побараат помош од ОПМ

Ако потрошувачот е оштетен, а земал кредит од банка, треба да ја извести Народната банка, ако кредитот му е земен од некое финансиско друштво како овие за брзи кредити, треба да го извести Министерството за финансии, додека пак, ако кредиторот е од трговско друштво, односно продавница, тогаш треба да се извести Државниот пазарен инспекторат.

-Најпаметно е секој оштетен потрошувач да се обрати до ОПМ каде бесплатно ќе добие совет, каде да се обрати и кои се неговите права, наместо да троши енергија, шетајќи по институции, потенцира Момиќ.

ОПМ апелира пред да се земе кредит да се размисли дали е тоа навистина потреба или желба. Доколку се земе, внимателно да се читат условите и договорот. Информира и дека постои алатка т.н. Финансиски калкулатор на која може да се споредат сите видови кредити од сите банки и да се одбере најсоодветниот, наместо да се оди од банка во банка и да се прашува.

-Најдобро е никогаш да не се задолжуваме кај неовластени даватели на кредити. Институцијата што дава кредит треба да е етаблирана на пазарот, да постојат информации за неа, да има искуства од други клиенти. Ако земете кредит, тогаш најдобро е договорот да го имате во писмена форма. Инсистирајте на тоа, порачува Момиќ од ОПМ.

Мирјана Чакарова

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ЕУ: Мораме да знаеме што Велика Британија сака

    ЕУ: Мораме да знаеме што Велика Британија сака

    Министрите на некои земји-членки на ЕУ ја повикаa британската премиерка Тереза ​​Меј да ja разјасни позицијата на Лондон спрема Брегзит, додека Унијата размислува дали да…

  • 30.000 луѓе би можеле да добијат отказ поради спојувањето на “Дојче Банк” и “Комерцбанк”

    30.000 луѓе би можеле да добијат отказ поради спојувањето на “Дојче Банк” и “Комерцбанк”

    Спојувањето на “Дојче банк” и нејзиниот ривал “Комерцбанк”, на долг рок ќе резултира со укинување на дури 30.000 работни места. Ова го изјави претставникот на…

  • Од 1 мај на сила новиот Правилник: Нема веќе плаќате месо – добивате вода

    Од 1 мај на сила новиот Правилник: Нема веќе плаќате месо – добивате вода

    На пакуваните полуготови ќебапчиња и плескавици што може да се купат во маркетите или месарниците, од 1 мај годинава ќе мора да пишува колку протеини…

  • Заврши откупот на тутунот од ланската реколта, просечната цена 214,24 денари за килограм

    Заврши откупот на тутунот од ланската реколта, просечната цена 214,24 денари за килограм

    Заврши откупот на тутунот од минатогодишната реколта. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), откупени се над 25,2 милиони киограми тутун по просечна откупна…

  • Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

    Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

    Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот и на екстра лесното…

  • Негативни резултати од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки, нема нов случај со МРСА

    Негативни резултати од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки, нема нов случај со МРСА

    Негативни се резултатите од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки од Чаир и Бутел, што требаше да покажат дали има присуство на бактеријата…

  • Сонот на Тео стана јаве

    Сонот на Тео стана јаве

    Тео Богоевски: „… луѓе ме напраивте 100% посамостален.“ Тој е голем борец, неговото име е Тео Богoевски и денес ја живее својата 27 пролет. Цели 11 години…

  • Цената на еден гигабајт во светот од 0,23 до 67 евра

    Цената на еден гигабајт во светот од 0,23 до 67 евра

    Користењето на еден гигабајт мобилен интернет во Индија чини само 23 евроценти, а во регионот најевтин е во Словенија. На листата од 230 земји, Македонија…

  • Зошто патот до Германија е толку напорен?

    Зошто патот до Германија е толку напорен?

    За работниците од Западен Балкан, патот до работа во Германија често е крајно напорен. Поради преоптеретеноста во амбасадите и конзулатите, се чека во просек по…

  • Сончево и топло со температури до 25 степени

    Сончево и топло со температури до 25 степени

    Денеска претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во…