28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Netflix се зголемиле по повисоките проценки на UBS

Акциите на Netflix се зголемиле по повисоките проценки на UBS

Акциите на „Netflix“ ја зголемија својата вредност со 1,5% во текот на берзанската трговија во САД, откако аналитичар од „UBS“ ја зголеми прогнозата за цената на акциите на гигантот за видео стриминг, пишува „CNBC“.

Аналитичарот Ерик Шеридан го крена рејтингот на акциите на „купи“ од „неутрални“. Освен тоа се ќе ги подигне очекувањата за цената на нејзините акции – од 400 до 410 долари по акција, што е за 26% повеќе од цената по која акциите го завршија берзанскиот ден во четвртокот – 324,66 долари.

Во белешката до клиентите Шеридан го посочува успехот на содржината на „Netflix“, поголемата инерција на темпото на привлекување на нови претплатници и подобро разбирање на предизвиците со кои компанијата се соочува во последно време.

Во почетокот на 2019-та година акциите на „Netflix“ бележат успех, откако поскапеа за 21% во првите седум сесии од годината. Скокот доаѓа по падот од над 28% во четвртиот квартал на 2018-та година.

„Во последниот месец потенцијалот за нови (и порешителни) конкуренти како за претплатници, така и за оригинална/лиценцирана содржина меѓу регионалните и глобалните стриминг компании, предизвика силна нестабилноста на акциите на „Netflix““, коментира Шеридан.

Според него глобалните можности, ширењето на широкопојасниот интернет меѓу домаќинствата и потрошувачката на мобилните уреди сугерираат дека „Netflix“ ќе има долгорочен раст на бројот на претплатници, кој останува стабилен и покрај големата конкуренција од други играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП