10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafone ќе отпушти 1.200 вработени во Шпанија

Vodafone ќе отпушти 1.200 вработени во Шпанија

„Vodafone Group“ објави дека планира да намали 1.200 работни места во Шпанија. Тоа е еднакво на околу 24 проценти од својата работна сила во земјата, пишува „Market Watch“.

Како причина за ова, „Vodafone“ укажува на ценовниот притисок, во услови на поголема конкуренција.

Британската телекомуникациска група, за која работат 5.100 лица во Шпанија, овој месец ќе започне консултации со вработените, објави таа. Тие ќе траат вкупно еден месец.

Од „Vodafone“ велат дека кратењата го следат падот на приходите и профитот на нејзините шпански операции во првата половина од фискалната 2019-та година.

Побарувачката на телекомуникациски услуги во Шпанија се зголемува, но ниските и средните понуди преовладуваат, коментира „Vodafone“.

Компанијата тврди дека кратењето на работната сила имаат за цел да ги заштитат инвестициските можности и ќе ја направат организацијата поконкурентна и адаптирана на потребите на корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП