25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Toyota Supra во целост „откриена“ пред премиерата (видео)

Новата Toyota Supra во целост „откриена“ пред премиерата (видео)

Дизајнот на новата „Suprа“ и не е некоја тајна благодарејќи на фотографиите кои се појавија пред Нова година, а видеото кое денеска се појави на Интернет во целост ја открива надворешноста на овој спортски автомобил.

Љубителите на јапонските спортски автомобили ќе уживаат во кадрите од возењето на новата „Toyotа Suprа“.

Во е краткото видео објавено на мексиканскиот „Твитер“ профил на јапонскиот производител само неколку дена пред светската премиера која ќе се случи на 14-ти јануари на саемот за автомобили во Детроит:

„Toyota“ засега не ги откри техничките детали на новата „Suprа“, но главниот инженер задолжен за развојот на овој модел потврди дека под хаубата се наоѓа шестцилиндарски бензинец на „BMW“.

Во новиот „BMW Z4 M40i“ овој агрегат произведува 387 ks (284 kW) и развива 500 Nm, па слични спецификации може да се очекуваат и во новата „Suprа“.

Повеќе информации за новата „Toyotа Suprа“ треба да очекуваме во следните денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП