Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Алва – слатко задоволство што се топи во уста

Време: 09:58

Датум: јануари 11, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Сите, барем еднаш во животот сме го слушнале изразот: „Оди како алва!“, што кажува многу за нашата култура и односот кон алвата како еден од најобожуваните слатки деликатеси на овие простори, а воедно и насекаде во светот. Овој израз буквално ја става алвата пред лебот што значи дека некогаш се чекале редици луѓето да ја набават, за потоа веднаш да биде распродадена.

Во Македонија, алвата може да се сретне во повеќе варијанти. Зависно од регионите, алвата од гриз се нарекува невестинска или старинска алва. Во минатото ваквата алва била неизбежен дел од свадбите и другите прослави. Таан-алвата е најмногу распространета, најпопуларна и според многу – највкусна. Со својот единствен и незаменлив вкус, алвата претставува најдобар десерт за целото семејство кој се топи во устата, идеален додаток со кафе, но и совршен десерт за оние кои постат.

Главна состојка на превкусната таан  – алва е таанот кој е паста од сусамови зрна. Таанот е толку здрав што иако постите неговите благородни својства ќе ви помогнат во подобрување на крвната слика, во отстранување на малаксаноста и ќе ви дадат енергија за претстојниот ден.

Традицијата за консумирање алва сè уште опстојува. Дури и оние најмалечките со сласт ја јадат и многупати ја одбираат пред чоколадото. Нејзината лесна и мазна текстура повеќе слојниот вкус и мирис прават да не можеме да и одолееме.

Овој деликатес секогаш може да се најде на полиците во супер маркетите, маалските продавници, не само во Македонија, туку ширум светот.

Дониа, која е денес е дел од реномираната компанија Макпрогрес се грижи да ја произведе највкусната традиционална алва, по традиционален рецепт која потоа се дистрибуира на национално ниво но и на пазарите во странство со што им го доближува овој прекрасен вкус на сите луѓе во светот.

Дониа претставува национален бренд со доверба и асоцијација за традиционален и квалитетен производ кој е 100% природен и не прави горди со тоа што ја задржува, заштитува и промовира македонската кујна со своите рецептури.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Сирењата на Млекара Здравје Радово нудат најдобра вредност за дадените пари, сметаат потрошувачите во Македонија

    Сирењата на Млекара Здравје Радово нудат најдобра вредност за дадените пари, сметаат потрошувачите во Македонија

    Според мислењето на потрошувачите во Македонија, сирењата на Млекара Здравје Радово се едни од производите кои нудат најголема вредност за дадените пари, покажа истражувањето на…

  • ЕУ го казни „Google“ со 1,49 милијарди евра

    ЕУ го казни „Google“ со 1,49 милијарди евра

    Антимонополското регулаторно тело на ЕУ го казни „Гугл“ со 1,49 милијарди евра поради „злоупотреба на доминантната позиција во онлајн огласувањето“. „Гугл“ е казнет по жалбата…

  • Disney го презема FOX!

    Disney го презема FOX!

    По едногодишниот процес на преземање, конечно беше објавено дека Disney го презеmа FOX. Сега Симпсонови, Аватар, Дедпул и суперхероите на Х-Мен официјално се дел од…

  • „Градски паркинг“ лани заработил над 2,4 милиони евра

    „Градски паркинг“ лани заработил над 2,4 милиони евра

    Минатата година Јавното претпријатие „Градски паркинг“ заработило над 2,4 милиони евра или точно 147.115.268 денари, што е за 11.686.703 денари повеќе во однос на 2017…

  • American Express Green – картичка што ги собира сите Ваши желби на едно место

    American Express Green – картичка што ги собира сите Ваши желби на едно место

    Во тек е промотивен период, за кредитната картичка American Express Green, oдносно со секоја апликација за оваа картичка, до 31.05. покрај бесплатна членарина за првата година, клиентите добиваат…

  • Vip воведува дигитална платформа наменета за сите деловни корисници

    Vip воведува дигитална платформа наменета за сите деловни корисници

    Моќна алатка за поддршка на процесите во компаниите Скопје, 19 март 2019г. –  Со цел засилување на процесот на дигиталната трансформација во општеството, телекомуникациската компанија…

  • Станбен и Потрошувачки кредит со промотивни понуди од Стопанска Банка АД Скопје

    Станбен и Потрошувачки кредит со промотивни понуди од Стопанска Банка АД Скопје

    Како одговор на зголемената побарувачка за станбени и потрошувачки кредити, кои од почетокот на годината во Стопанска банка се достапни со вклучено осигурување, Банката ја…

  • Капитал Банка го продолжува рокот на промотивните услови

    Капитал Банка го продолжува рокот на промотивните услови

    Заради зголемениот интерес, Капитал Банка АД Скопје донесе одлука за продолжување на рокот во кој сите нови корисници на кредит ќе имаат можност да аплицираат…

  • SuperDry колекција пролет/лето 2019(фото)

    SuperDry колекција пролет/лето 2019(фото)

    Оваа сезона SuperDry нè носи на разиграно и разнобојно патување низ светот. Свеж и иновативен микс на производи збогатен со разновидни интернационални влијанија. Интересни дизајнерски…

  • Отпечатоци од прсти против хакери!

    Отпечатоци од прсти против хакери!

    Британската банка “NatWest”(National Westminster Bank) наскоро почнува да ги тестира новите NFC платежни картички, кои за разлика од оние кои секојдневно ги користиме на пазарот,…