22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи - УЈП ја објави најновата Листа на должници

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.01/2019 за долгови доспеани до 30.09.2018 и неплатени до 31.12.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.01/2019 објавени се 2.134 должници – правни лица (помалку е за 30 од претходната листа) и 2396 физички лица (повеќе за 50 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2019 изнесува 10.122.013.587 денари, повеќе за 94.369.744 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.972.264.456 денари (помалку за 26.279.574 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 149.749.131 денари (повеќе за 120.649.318).

Комплетната Листа на должници бр. 01/2019 можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП