16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: Mercedes CLA зa 2019-та (фото+видео)

Светска премиера: Mercedes CLA зa 2019-та (фото+видео)

Новата генерација на „Mercedes-Benz СLA“ е една од главните премиери на стартот на саемот во Лас Вегас за потрошувачка електроника „CES“. Идејата на моделот е да претстави комбинација помеѓу елеганција и спортски стил за да одговараат на новиот стил на брендот наречен „сензуална чистота“.

Седанот е изграден на „MFA“ платформата, специјално дизајнирана за компактни автомобили. Новиот „CLA“ добил „LED“ дневни светла во форма на бумеранг, како и повеќе налегната линија на покривот, а исто така и спортски браници. Од компанијата се категорични дека тоа е „најемотивниот автомобил во својата класа“.

По смената на генерациите „CLA“ пораснал минимално во димензии, што овозможува да се зголеми и просторот во кабината, претежно за патниците на задното седиште. Во исто време волуменот на багажникот е намален за 10 литри и веќе е 410 литри.

Моделот има добиено понизок центар на гравитација и стабилизатор за напречна одржливост. Достапни се изборни адаптивни амортизери. Алгоримамот за работа на електронскиот систем за одржливост е преработен целосно, за да одговара на карактеристиките на овој автомобил. Коефициентот на аеродинамичен отпор е 0,23, што е за 0,1 повеќе од рекордерот по овој показател – седанот „A-Class“. За тоа помагаат специјалните панели поставени под дното на возилото, како и активните елементи во решетката на ладилникот.

Новиот „Mercedes-CLA“ е опремен со функцијата „Interior Assistant“, која со помош на специјални сензори го препознава движењето на рацете на возачот и вклучува дополнително осветлување во кабината. Овој систем ќе работи само кога возилото не е во движење, за да не го одвлече вниманието на возачот.

Друга новина е системот „ENERGIZING Package Plus“, кој со помош на специјално развиен алгоритам ја активира климатизацијата, масажата, греењето и вентилацијата на седиштата, како и осветлувањето во кабината. Неговата цел е да му помогне на возачот да ужива во возењето. Дел од овој пакет е и виртуелен фитнес-инструктор „Energizing Coach“ кој ја одредува најпогодната програма за тренинг, земајќи ги во предвид физичките параметри на возачот.

Седанот добил и информациско-забавен комплекс „MBUX“, кој дебитираше кај четвртата генерација на „A-Class“. Кај него дигиталниот инструмент-панел е со дијагонала од 7 инчи и е обединет со екранот на информациско-забавниот систем со иста големина.

Новата „CLA“, исто така, ја има технологијата која е позајмена од предводникот „S-Class“. Тоа е полуавтономниот систем за управување, кој со помош на камери „гледа“ на 500 метри пред возилото. Таа работи со помош на адаптивен круз-контрол, систем за екстремно сопирање и функција за следење и промена на лентата на движење по потреба.

Во Лас Вегас ќе биде прикажана верзијата на „CLA“ со 2,0-литарски бензински турбомотор, кој развива 225 КС и 350 Nm вртежен момент. Работи во комбинација со 7-брзински автоматски менувач со две спојки.

Моделот ќе добие и „надуена“ модификација – „CLA 35“. Како и „A35 AMG“, таа исто така ќе се потпира на 2.0-литарски турбо мотор со 310 КС и 400 Nm вртежен момент. Ова ќе овозможи забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП