Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Новата Opel Zafira Life: Четврта генерација за бенчмаркот

Време: 11:29

Датум: јануари 9, 2019

Категорија: АВТОБИЗ

  • Следната генерација на MPV
  • Еден модел, три големини, секој со до десет седишта
  • Задебелен дизајн и избалансирани пропорции
  • Удобност како во дневна соба со подвижни кожни седишта и панорамски покрив
  • Лизгачките врати се отвораат електрично и брзо преку движење на нозете
  • Светска премиера на саемот во Брисел на 18 јануари 2019 година, за нарачка од февруари
  • Zafira Life електрична верзија следи во 2021 година

Риселсхајм. Атрактивните, флексибилни и практични комбиња се именуваат Zafira. Дваесет години по успехот започнат со првата генерација, приказната сега продолжува со новиот модел на четвртата генерација. Opel Zafira Life е забавен за возење, и удобно MPV што германскиот производител на автомобили ќе го понуди во три должини, според потребите на клиентите: 4,60 метри “мали”, 4,95 метри “средни” и 5,30 метри “големи” – од кои секоја доаѓа со најмногу по девет седишта. “S” верзијата на Zafira Life е околу десет сантиметри пократка од сегашната Zafira, додека “L” е околу 65 см подолга и затоа е речиси исто толку голема колку и Vivaro Combi. Zafira Life на тој начин покрива до три сегменти на возила и претставува нов репер меѓу MPV возилата со повеќе седишта.

Zafira Life ги задоволува сите барања – од различните ентериери, високиот комфор и софистицираните системи за помош на возачот, до најмодерната инфозабава, хед-ап дисплејот и актив круз контрол со камера / радар. Безбедносниот концепт доби максимални пет ѕвезди на Euro NCAP тестирањата. Напредната технологија е поврзана со типичните дизајнерски знаци на Opel, избалансирани пропорции и кратки преклопувања. Возачот и патниците имаат корист од дводелниот панорамски покрив и отворен прозорец на задната врата. Opel Zafira Life ќе ја има светската премиера на саемот во Брисел на 18 јануари 2019 година (деновите за посетители се од 19 до 27 јануари 2019 година). Нарачките ќе почне да се примаат од февруари.

За најдобра влечна сила Zafira Life е опремена со напредната IntelliGrip. Верзијата со 4×4 исто така ќе биде достапна за нарачување од почетокот на продажбата. Системот со погон на сите тркала е обезбеден од теренските специјалисти во Дангел. Opel ќе понуди чисто електрична верзија во почетокот на 2021 година, уште една пресвртница на патувањето за електрификација на брендот.

Со новиот Zafira Life, Opel продолжува да го спроведува својот PACE! стратешки план. До крајот на 2020 година, германскиот производител ќе донесе на пазарот вкупно осум нови или освежени модели, вклучувајќи ја и следната генерација на најпродаваната Corsa. Компанијата инвестира пред се во профитабилни, растечки пазарни сегменти со големи количини. Opel наскоро ќе има еден од најмладите производи портфолија на сите мас производители.

Еден модел, три големини: Zafira Life за секоја намена

Zafira Life “Small” се натпреварува со компактни комбиња, но нуди значително поголема пространост и простор за девет патници – незаменливо во оваа класа. Исто така, има мал круг на вртење (11,3 м), добро ракување и две лизгачки врати со сензор, кои се отвораат електрично со движење на стапалото, слично како на задните врати на Astra Sports Tourer и Insignia Sports Tourer – исто така уникатни на овој пазарен сегмент. Zafira Life “Medium” (како Zafira Life “L”)  има за 35 см подолго меѓуоскино растојание кое е 3,28 метри, а со тоа и поголем простор за нозете за задните патници, што го прави конкурент на комбињата од средна големина во Д сегментот на пазарот. Во споредба со конкуренцијата, Opel исто така има и поголема задна врата и полесен пристап за товарење / истоварување, плус поголема носивост од над еден тон. Zafira Life  “Large” е ривал за уште поголемиte комбиња.

Стилските и високо опременитe шатлови имаат голема побарувачка во овој сегмент на пазарот. Затоа, Opel нуди кожни седишта на алуминиумски шини што овозможуваат целосно и лесно прилагодување за сите верзии на Zafira Life. Достапни се со пет, шест, седум или осум кожни седишта. Преклопениот дел на совозачкото седиште овозможува транспорт на предмети со должина до 3,50 метри. Преклопувањето на седиштата од третиот ред го зголемува капацитетот на багажот на Zafira Life “S” до 1.500 литри (до покрив). Отстранувањето на седиштата (што е подеднакво лесно и да се наместат) го зголемува вкупниот капацитет на карго просторот до 3.397 литри.

Луксузниот “Lounge” трим е достапен за верзиите со долги меѓуоскини растојанија – напред има седишта со масажер и електричното греење, четири подвижни кожни столици позади, секој со широко седиште од 48 см. ВИП патниците, исто така, можат да седат и да се дружат и да уживаат во просторот за нозете. Подвижната маса исто така се преклопува за да обезбеди дополнителен простор за складирање на мали предмети. Патниците можат да ги полнат своите мобилни уреди користејќи приклучок од 230 V.

Повеќето верзии на Zafira Life се пониски од 1,90 метри и затоа можат да пристапат до типичните подземни гаражи – важни за употреба како хотелски шатл.

Под контрола: Хед-ап дисплеј, предупредување за предни удари и задна камера

Новиот Opel MPV има бројни системи за помош на возачот. Камерата и радарот го набљудуваат просторот пред возилото. Системот дури ги препознава и пешаците кои го минуваат патот и можат да иницира маневар за сопирање при брзина до 30 км/ч. Интелигентниот круз контрол ја прилагодува брзината со онаа на возилото напред, автоматски забавува и може да ја намали брзината до 20 км/ч, доколку е потребно. Возење во сопствената лента и предупредување за сонливост го предупредуваат возачите ако помине предолго зад управувачот и му треба пауза. Помошта со долго светло, која автоматски се префрлува на високо или ниско светло, се активира над 25 км/ч. Исто така уникатен во овој пазарен сегмент е хед-ап дисплејот во боја кој покажува брзина, растојание до возило напред и навигација.

Во текот на 2019 година, Zafira Life исто така ќе ја понуди услугата Opel Connect. Корисни функции, како Live Navigation со информации за сообраќајот во реално време, директна врска со службата за помош на патот и итен повик, им даваат на возачот и на патниците дополнителен мир. Помош може да се повика во рок од неколку секунди преку црвеното копче. Ако се активираат затегнувачите на ремените или воздушните перничиња, итниот повик се активира автоматски.

Добрата видливост е особено важна кај поголемите возила, на пример во тесни улички или кога се врти во урбаните средини. Радарските сензори во предниот и задниот браник го предупредуваат возачот на пречки од секаков вид при паркирање. Сликата од камерата од задната страна е прикажана на внатрешниот ретровизор или на 7,0-инчниот екран – вториот со видливост од 180 степени од птичја перспектива.

Големиот 7,0-инчен екран чувствителен на допир доаѓа со Multimedia и Multimedia Navi Infotainment. Двата системи имаат телефонска интеграција преку Apple CarPlay и Android Auto. Multimedia Navi дополнително ја има европската навигација со 3D изглед. Точките од интерес во големите градови се прикажани во “Full HD” квалитет. Како опција, географијата по должината на рутата на патувања низ земјата е прикажана многу реалистично. Благодарение на Opel Connect, системот за навигација вклучува информации за сообраќајот во реално време за најновиот статус на патиштата. Моќен звучен систем е достапен со сите нивоа. Во најгорната верзија, патниците уживаат во првoкласна акустика благодарение на 10 звучници.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ford го претстави „освежениот“ Mondeo, во понудата и караван хибрид (фото+видео)

    Ford го претстави „освежениот“ Mondeo, во понудата и караван хибрид (фото+видео)

    Редизајнираниот „Ford Mondeo“ дебитираше на саемот за автомобили во Брисел. Покрај стилските подобрувања, претставена е и нова моторизација, како и караван верзија со хибриден погон.…

  • Новиот RAV4 Hybrid (фото+видео)

    Новиот RAV4 Hybrid (фото+видео)

    „Toyota“ објави нова серија фотографии од моделот „RAV4“ со хибриден погон, пред стартот на продажбата на овој „SUV“ во Европа. Петтата генерација на „Toyotа RAV4“…

  • Само за 200 Aмериканци – Subaru STI S209 (фото+видео)

    Само за 200 Aмериканци – Subaru STI S209 (фото+видео)

    Јапонскиот производител „Subaru“ го претстави во Детроит последниот производ од своето „STI“ (Subaru Tecnica International) одделение. Станува збор за моделот „STI S209“ кој ќе биде…

  • VW го претстави Golf GTI TCR со 290 KS (фото+видео)

    VW го претстави Golf GTI TCR со 290 KS (фото+видео)

    Германскиот гигант „Volkswagen“ го откри „Golf GTI TCR“, легална верзија на автомобил инспириран од тркачки модел. „TCR“ е сместен помеѓу „Golf GTI Performance“ и „Golf…

  • Nissan создаде нов сегмент – „возвишен спортски седан“ (фото+видео)

    Nissan создаде нов сегмент – „возвишен спортски седан“ (фото+видео)

    Јапонски „Nissan“ на саемот за автомобили во Детроит го претстави концептот „IMs“ со кој создава буквално нова класа на автомобили, а која ја нарече „возвишен…

  • Дебитираше BMW Serieѕ 7 со новиот V8 агрегат (фото+видео)

    Дебитираше BMW Serieѕ 7 со новиот V8 агрегат (фото+видео)

    По бројните „тизери“, папарцо-фотографи и шпекулации, „BMW“ конечно ја претстави редизајнираната „седмица“. Моделот доби повеќе стилски промени и неколку важни технолошки подобрувања, а „BMW“ ги…

  • Досега најголемата направена Kia (фото+видео)

    Досега најголемата направена Kia (фото+видео)

    Компанијата „Kia“ го претстави својот најголем модел, кој исто така има „брутален“ дизајн. Тоа е теренецот „Telluride“ кој според димензиите го надминува дури и изградениот…

  • Како изгледа првиот Cadillac на струја (фото)

    Како изгледа првиот Cadillac на струја (фото)

    Американскиот производител објави фотографии од својот прв електричен автомобил, а станува збор за кросовер со три реда седишта. „Cadillac“ на прес-конференција оддржана пред почетокот на…

  • Audi потврди – 50 среќници ќе можат да го купат PB18 E-Tron (фото+видео)

    Audi потврди – 50 среќници ќе можат да го купат PB18 E-Tron (фото+видео)

    Директорот на „Audi“, Брем Шот потврди дека германската компанија дала „зелено светло“ за сериско производсто на суперавтомобилот „Audi PB18 E-Tron“. Oвој целосно електричен автомобили ќе…

  • Новата Toyota Supra во целост „откриена“ пред премиерата (видео)

    Новата Toyota Supra во целост „откриена“ пред премиерата (видео)

    Дизајнот на новата „Suprа“ и не е некоја тајна благодарејќи на фотографиите кои се појавија пред Нова година, а видеото кое денеска се појави на…