29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако се тргуваше на Македонска берза во последниот месец од годината

Како се тргуваше на Македонска берза во последниот месец од годината

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.12.-31.12.2018 година вкупниот промет изнесувал 649.171.832 денари и е зголемен во однос на октомври за 82,25 отсто. 

Класичното тргување изнесува 295.846.210 денари и е намалено во однос на ноември за 9,73 отсто кога изнесувало 327.722.888 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 291.116.756 денари и обврзници во вредност од 4.729.454 денари.

Блок трансакциите за декември изнесувале 106.680.622 денари и се зголемени за 274,61 отсто во однос на ноември.

Зголемувањето на вкупниот промет главно се должи на истргуваната јавна понуда на хартии од вредност во износ од 246.645.000 денари.

Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.411  и е намален за 21,78 отсто во однос на ноември кога изнесувал 1.804.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за декември се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, додека Макпетрол АД Скопје го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за декември 2018 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП