6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSika планира да ја купи Parex за 2,6 милијарди долари

Sika планира да ја купи Parex за 2,6 милијарди долари

Швајцарската хемиска компанија „Sika AG“ е во преговори за купување на компанијата за градежни материјали „Parex Ltd.“, сместена во Велика Британија за сума од 2,5 милијарди швајцарски франци (2,6 милијарди долари), пишува „Bloomberg“.

Купувањето британска компанија ќе ги зголеми нето-приходите на „Sika“ по акција за првата цела година по завршувањето на договорот.

Според пресметките на швајцарската компанија, трансакцијата ќе генерира „годишни синергии“ во износ од 80-100 милиони швајцарски франци.

Од „Sika“ изјавија дека купувањето на „Parex“ од „CVC Capital Partners“ ќе и помогне на швајцарската компанија да ги зајакне своите позиции во хемиската индустрија и ќе ја стимулира продажбата до над 8 милијарди швајцарски франци.

Бизнисот со малтер, кој е основен за „Parex“ и е еден од главните фокус во работењето на „Sika“, а ќе забележи барем двоен раст за Швајцарците по придобивка, достигнувајќи износ од 2,3 милијарди франци, покажуваат пресметките на компанијата.

„Активностите на „Parex“ и „Sika“ во голема мера се надополнуваат“, смета извршниот директор на швајцарската компанија Пол Шулер, додавајќи: „Ќе ја користиме технологијата на „Parex“ како основа за раст“.

Купувањето на британската компанија е најмалку трета аквизиција најавена од „Sika“ за помалку од три месеци.

Во ноември швајцарската компанија објави дека го купила бизнисот за бетон и фиброцимент на „Propex Holding LLC“, а во декември организираше медиумска конференција заради купување на романски производител на покривни и водоотпорни системи.

„Sika“ обезбеди привремен заем од „UBS“ и „Citi“ за финансирање на трансакцијата.

Компанијата ќе го објави купувањето за време на организирана прес-конференција во Цирих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП