2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda ја проширува линијата Accord со моделот Hybrid

Honda ја проширува линијата Accord со моделот Hybrid

hondahybrid

На интернет страната на компанијата „Honda“ достапни се првите официјални фотографии на новиот модел „Honda Accord Hybrid“ кој ќе биде достапен на американскиот пазар од октомври оваа година. Овој модел го поседува истиот софистициран стил кој постои кај моделот „Accord“ седан.

hondahybrid2

Меѓутоа овој модел поседува и единствена ознака која укажува дека станува збор за хибриден модел, како и маска на ладилникот украсена со сини детали, „LED“ светла за дневно возење и спојлер на поклопецот од багажникот.

Новиот модел „Accord Hybrid“ ќе го користи и новиот двомоторски хибриден погонски агрегат кој е поголем од моделот „Accord Plug-In“ кој е пуштен во продажба во месец јануари.

hondahybrid1

Интелегентниот „MultiMode Drive“ погонски агрегат во рамките на моделот „Accord Hybrid“ му овозможува на возилото да користи три различни режими на возење, електричен, хибриден и само бензински.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП