28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook воведува коментирање со фотографија

Facebook воведува коментирање со фотографија

fbcoment

„Facebook“ започна на корисниците да им овозможува да оставаат фото-коментари. Станува збор за нова функција која на корисниците им овозможува да ги коментираат постовите на други со помош на слика, а не само со зборови.

Оваа функција беше првично направена за вработените во „Facebook“, но опцијата почна да пристигнува и кај корисниците ширум светот, а наскоро ќе биде досапна и на мобилните апликации. Корисниците се уште неможат да оставаат фото-коментари на „Facebook“ апликациите, иако таа опција е видлива.

Сепак нема долго да се чека за овој новитет, затоа што се предвидува дека ќе биде пуштена во некој од наредните ажурирања.

За да оставите фото-коментар потребно е да кликнете на иконата која наликува на фото-апарат која се наоѓа во редот каде што треба да го вметнете вашиот коментар и да ставите слика која се наоѓа во вашиот компјутер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП