7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle префрлиле на Бермуда 19,9 милијарди евра во 2017-та

Google префрлиле на Бермуда 19,9 милијарди евра во 2017-та

Американската технолошка компанија „Google“ префрлила 19,9 милијарди евра (22,7 милијарди долари) преку холандска компанија на Бермудските Острови во 2017-та, како дел од договорот што и овозможува да ги намали даноците во странство. Ова го покажуваат документи на Холандската стопанска комора, цитирани од „Ројтерс“.

Износот префрлен преку „Google Netherlands Holdings BV“, е со околу 4 милијарди евра повеќе отколку во 2016-та година, се додава во документите. Засега од „Google“ не одговориле за да ја коментираат веста, посочуваат агенциите.

Подружницата во Холандија се користи за пренос на приходите од даноци добиени надвор од САД, на „Google Ireland Holdings“, филијалата со седиште на Бермудските острови, каде што компаниите не плаќаат данок на своите приходи.

Даночната стратегија познат како „двоен ирско-холандски „сендвич““, е легитимна и и овозможува на „Google“, чија матична компанија е „Alphabet“, да избегнува даноци од приходите во САД, како и давачките во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП