25 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 05-06.01.2019

Викенд хороскоп 05-06.01.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Верувате во нечија добронамерност дури и ако до сега не се покажал, барем не према многумина. Вие сте уверени дека со вашето однесување можете да позитивно да влијаете со лицето кое треба да разговарате, особено за некој кој сака да се покаже на работа. Креативните идеи кои ги имате можат да бидат прифатени од вашите колеги ако не отстапувате многу од досегашниот стил на работа.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес е ден кога треба да им бидете благодарни и да ги цените луѓето околу вас, а не да ги критикувате. Организирајте нешто убаво за оние кои ги сакате и кои често ве поткрепуваат, а некогаш ве критикуваат со цел да го избегнете правењето на грешки.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидејќи поседувате неуморна енергија, искористете ја како што треба. За почеток, учете да креирате односи со околината, но и други работи. Бидете подготвени да ги исполнувате туѓите желби, но ќе видите многу убави работи. Во фаза сте на донесување многу важна одлука. Одморете го вашиот мозок, размислете убаво и донесете ја вашата правилна одлука.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денот може да биле полн со непредвидливи случувања и среќавања. Немојте да бидете преосетливи и не се нервирајте за некои неважни прашања. Многумина ви завидуваат на успехот, а никој не знае колкава е цената што ја плаќате за тоа. Потребно е ситуацијата во која се наоѓате да ја согледувате од поведар агол.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете денот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Нема да знаете во што или кому да верувате. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе ве нервираат луѓе кои со своите барања ќе ви попречуваат да си ги остварите плановите. Бидете љубезни, но не се плашете да си ги покажете и роговите ако некој ја злоупотребува вашата добрина.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе се најдете во друштво на непознати луѓе, но одлично ќе се вклопите. Вашата страст ќе ви помогне да го освоите вниманието, иако нема многу да се трудите да го постигнете тоа. Не се обидувајте да контролирате се што се случува околу вас. Денес препуштете и се на забавата. Внимавајте некоја Шкорпија која постојано ви нуди совети, нема добри намери.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се чини дека празничното расположение во вас ја рабудило мрзливоста. Се обидувате да се сокриете и да не ги извршите работните задачи, но време е да се пробудите и да започнете со работа. Денес имате можност да се сретнете со некои поранешни соработници кои ќе ви понудат одлична можност за остварување на дополнителен профит.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Понекогаш треба да делувате брзо и одлучно без премногу тактизирање. Со саканата личност уживајте во работите кои ви се заеднички. Потпрете се на интуицијата. Посветете внимание на различните информации кои ги добивате за да можете коректно да ги завршите работните задачи. Внимавајте на однесувањето со колегите.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ова може да биде сосема солиден ден за оние кои се обидуваат да решат важни проблеми на мирен начин. Нема да отстапите од вашиот став, но сепак некој може да ве убеди во она што го сакате.Немојте премногу да се потпирате на мислењето на другите, допуштете да ве води вашата интуиција и дадете му шанса на некој кој на некој начин ве навредил, ќе покаже добра воља за подобрување на односите.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате потреба многу нешта во животот да ги промените. Ако градите кариера, можете да очекувате успех во секој деловен правец. Ве очекува авантура со огнен знак и со некој кој е подеднакво амбициозен како и вие. Можна е појава на грип.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе успеете да им ставите крај на несогласувањата. Можете да ја предвидите важноста на некоја понуда која ќе ја добиете од личност која ви е многу важна и искрено ја цените. Подготвени сте да преминете преку некои ваши принципи. Избегнувајте задимени простории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП