20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнува уште еден модел на Huawei зa 2019-та (видео)

Пристигнува уште еден модел на Huawei зa 2019-та (видео)

Годината само што започна, а „Huawei“ веќе најави два телефони кои ќе ја заокружат нивната понуда.

По моделот „P Smart“ (2019), пристигнува и „Y7 Pro“ (2019). Сепак, додека „P Smart“ е наменет за европскиот пазар, „Y7 Pro“ првично е најавен за виетнамскиот пазар, но нема сомневње дека наскоро ќе го најде патот до други корисници.

Новиот „Huawei Y7 Pro“ (2019) во дизајнерска смисла се одликува запирка во облик на капка, и веројатно во овој момент претставува најпристапен телефон кој користи таков дизајнерски пристап наместо широкиот „заб“.

Хардверски гледано, „Y7 Pro“ (2019) користи чипсет „Qualcomm Snapdragon 450“ со осумјадрен процесор кој работи до 1,8 GHz, 3 GB RAM и 32 GB простор за складирање, кој ќе може да се прошири со „microSD“ картичка. Неговиот екран ќе има дијагонала од 6,26 инчи, со 19:9 oднос на страните и „HD+“ резолуција, које е премиерана во оваа класа на мобилни телефони.

Телефонот на задната страна има две камери. Овој систем се состои од сензори од 13 мегапиксели, со отвор на блендата од f/1,8, како и сензор од 2 мегапиксели, кој служи за постигнување ефект на длабочина. Љубителите на „селфи“ фотографии не треба да се грижат, затоа што на предната страна има камера со 16 мегапиксели.

„Huawei Y7 Pro“ за оваа година ќе биде базиран на „Android 8.1 Oreo“ оперативниот систем, кој ќе го користи „EMUI 8.2“ корисничкиот интерфејс. Исто така, батеријата има капацитет од 4000 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП