Европската комисија даде зелено светло за продажбата на синџирот на „Costa Coffee“ на американскиот производител на безалкохолни пијалоци „Coca-Cola“.
„Комисијата заклучи дека предложеното соединување нема да создаде проблеми за конкуренцијата, бидејќи компаниите („Coca-Cola“ и „Costa Caffe“) не продаваат исти производи и врските меѓу нивните активности се ограничени“, се наведува во соопштението на регулаторното тело на ЕК, цитиран од „Ројтерс“.
Во август 2018-та година „Coca-Cola“ објави дека склучила договор за купување на синџирот кафетерии „Costa Coffe“ од нејзиниот сопственик – британската компанија за хотели и ресторани „Whitbread PLC“ за 3,9 милијарди фунти (околу 5,1 милијарди долари) и истакна дека очекува договорот да заврши во првата половина на 2019-та година. Самиот договор веќе беше одобрен од акционерите на британската компанија „Whitbread Plc“.
Во меѓувреме, „Coca-Cola“ го финалисираше стекнувањето на брендот за кафе „Costa Limited“ од британската компанија за хотели и ресторани „Whitbread PLC“ по добиеното одобрување на трансакцијата од Европската комисија.
„Costa Coffee“, кои работат во повеќе од 30 земји, и даде на компанијата за безалкохолни пијалаци значителен отпечаток на светскиот бизнис за кафе. Во светот, сегментот на бизнисот со кафе расте на годишно ниво од 6%, објаснува „Coca-Cola“.
Производителите на безалкохолни пијалаци бараат нови можности бидејќи потрошувачите се свртуваат кон алтернативи за газираните пијалоци. Минатата година, „PepsiCo.“ преговараше за купување на „SodaStream“ од 3,2 милијарди американски долари, во која се произведуваат дистрибутери на сода.